американски гитарист, песнописец и композитор From Wikipedia, the free encyclopedia
Стивен Сиро Вај (англиски: Steven Siro Vai) (роден на 6 јуни 1960 во Њујорк) е американски гитарист-виртуоз, композитор, и продуцент, забележлив по тоа што ја добил наградата Греми (заедно со девет номинации) и често споменуван како влијание од многу гитаристи уште од 80-тите.
Стив Ваj | |
---|---|
75% | |
Роден | 6 јуни 1960
во Карле Плејс, Њујорк |
Жанр(ови) | Инструментален рок Хард рок |
Поврзан(и) | Дејвид Ли Рот Whitesnake Alcatrazz Френк Запа G3 |
Гитари | Ibanez JEM |
Активен | 1981 - денес |
Мрежно место | Официјално мрежно место |
Додека растел, младиот Вај се заинтересирал за рок гигантите како Џими Хендрикс, Alice Cooper и Led Zeppelin што довело да започне да изучува да свири на гитара. Пред да се запише на музичкото училиште Беркли, Стив често свирел со неговиот учител и другар гитарски виртуоз Џо Сатриани и свирел во бројни локални групи. Тој го признава влијанието на многу гитаристи, меѓу кои и Џеф Бек и фузискиот виртуоз Алан Холдсворт.
Вај ја поседува Favored Nations, компанија за снимање и издавање на албуми,[1] чијашто специјалност е меѓународно откривање и зачувување на таленти.
Вај е оженет за Пија Мајоко, поранешна басистка на Vixen, која што може да биде видена во Hardbodies. Стив и Пиа имаат две деца, Џулијан Ејнџел и Фајр.[2] Во неговото слободно време, Вај ужива во пчеларството, и произведениот мед Вај редовно го продава за неговата задолжбина „Make a Noise“. Архивирано на 14 март 2006 г.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.