From Wikipedia, the free encyclopedia
Станислав Гроховјак (полски: Stanisław Grochowiak; 24 јануари 1934, Лесно - 2 септември 1976, Варшава) - полски поет, прозаист и драматург.
Творештвото на Гроховјак се состои од збирки поезија, романи („Тризмус“) и збирки раскази („Тажачки“). Исто така, тој бил уредник на книжевното списание „Современик“ (Współczesność) и водач на поетската група собрана околу тоа списание. Поезијата што ја негува Гроховјак, Јулијан Пшибош ја нарекол „турпизам“ (од зборот „turpis“, т.е. „turpe“ = грд, грдо), а Гроховјак го прифатил тој назив. Во секој случај, тој е мрачен поет, а неговата поезија е темпераментна, страстна, многу сугестивна. Поради тоа, читателите или ја прифаќаат или ја одбиваат, но не постои средина. Неговите песни се далеку од стремежот кон елементарна едноставност, па дури во почетните негови дела се забележува и барокен акцент, доведен до совршенство во збирката „Огрозд“ (1963). Притоа, тој не крие дека инспирацијата ја црпи од интелектуалните извори, од историјата и од сликарството, особено, од надреализмот, иако неговата поетска постапка е далеку од автоматското пишување. Често брутална, неговата поезија е исто толку сентиментална. Гротескните елементи во неа не се лесни, туку бараат од читателот интелектуален напор за да бидат примени и доведени до поентата на песната, зашто целта на неговата гротеска не е да насмее. Сите надворешни елементи кои се видливи во неговата поезија - барокот, гротеската, пародијата, сарказмот, возвишеноста и крајната вулгарност - имаат цел да создадат хаос, слично на антироманот и антидрамата. Токму затоа, критичарот Јан Блоњски ја нарекува поезијата на Гроховјак - антипоезија.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.