Remove ads
матичен стадион на ФК Реал Мадрид From Wikipedia, the free encyclopedia
40°27′10″N -3°41′17″E Координати: Степени географска должина < 0 со означена полутопка
{{#coordinates:}}: неважечка гео. должина
Сантјаго Бернабеу(шпански) | |
---|---|
Ел Бернабеу | |
| |
Место | Avenida de Concha Espina 1, E28036 , Мадрид, Шпанија |
Отворен | 14 декември 1947 |
Сопственик | ФК Реал Мадрид |
Оператор | ФК Реал Мадрид |
Подлога | Трева, 107 x 72 метри[1] |
Игра | ФК Реал Мадрид |
Гледачи | 81,044 [2] |
Сантјаго Бернабеу (шпански: Estadio Santiago Bernabéu) — фудбалски стадион во Мадрид, Шпанија и е домашен терен на ФК Реал Мадрид. Изградбата на овој стадион започна на 27 октомври 1944. Првион стадионот се викаше Чамартин, а изградбата заврши во декември 1947 година. Реал Мадрид официјано го призна сегашното име Сантјаго Бернабеу на 4 јануари 1955, во чест на претседателот на Реал Мадрид Сантјаго Бернабеу Јесте. Овој стадион беше официјано награден од УЕФА за стадион со 5 ѕвезди уште во 60-тите години на минатиот век. Со тековna сместивост на седење од 81.044 места, тоа е домашен стадион на Реал Мадрид од неговото завршување во 1947 година.[2]
Со проширувањето во 1953 година сместивоста на стадионот се зголеми на 120.000 . Во 1998 година УЕФА донесе одлука да се модернизираат стадионите, а во тоа спаѓаше и ставање на столчиња на трибините ( Реал Мадрид ја заврши оваа работа во сезоната 1998/99). Сантјаго Бернабеу се прошири уште со неколку проширувања, а последното се случи во 2003 година кога стадионот се прошири за 5.000 места и ja доби денешната сместивост од 80.400 гледачи.
Сантјаго Бернабеу е еден од најпознатите светски фудбалски стадиони. Тој бил домаќин на 4 финалиња од Купот на шампиони(1957,1969 и 1980), и на финалето во Лига на Шампиони 2010[3] Финалињата на ЕУРО 1964 и Светско првенство 1982 Шпанија исто така се одиграа на Сантјаго Бернабеу.
Стадионот има свое метро кое се движи низ Улицата “10 линија“ и е наречено Сантјаго Бернабеу. Тоа е сместено во срцето на Мадридската бизниска локација.
После основањето на клубот во 1902 година клубот игра на повеќе стадиони, пред да се смести во стадионот “Кампо де Одонел“ во 1912 година.
Клубот на овој стадион се задржува девет години и потоа се сели во “Кампо де Суидад Линеал“, мал стадион со сместивост од 8.000 гледачи. Реал Мадрид овде играл само дванаесет месеци. Потоа Реал Мадрид се пресели на “Чамартин “ и на 17 мај1923 Реал Мадрид го изигра првиот натпревар на овој стадион против Њукасл. На овој стадион, со сместивост од 22.500 гледачи Реал Мадрид ја освои првата титула во Шпанската Премиера
После овие успеси тогашниот претседател на Реал Мадрид г-дин Сантјаго Бернабеу реши да изгради нов стадион бидејќи стадионот Чемертин не ги задоволувал потребите на Реал Мадрид. Стадионот беше завршен на 14 декември 1947. Тоа беше стадионот „Сантјаго Бернабеу“, како што го знаеме денес, но овој стадион не го доби денешното име сè до 1955. Првиот меч кој се одиграа на овој стадион беше натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Белененсес(3-1). Сабино Баринага беше првиот фудбалер кој дал гол на овој стадион. Тогашната сместивост изнесуваше 75.000.
Во 1953 година, беше извршено првото проширување, кое се реализира со додавањето на третата “тераса“ на стадионот. Ова ja зголеми сместивоста на стадионот, кој после проширувањето изнесување 120.000 гледачи.
Во исто време Реал Мадрид стана голем тим кој освои многу трофеи во наредните неколку години. Еден од тие трофеи беше освоен на сопствениот Сантјаго Бернабеу, на нивното второ финале во Купот на шампиони. Тогаш ја победија Фјорентина во финалето на Купот на шампиони 1957. Исто така се изигарни и финалињата на Купот на шампиони 1969( Милан и Ајакс) И Купот на шампиони 1980 (Нотингем Форест и ХСВ. Првиот официјален натпреар кој Шпанската репрезентцаја го изиграла на овој стадион бил во 1964 (Франко-Сталин) или Шпанија-СССР
Со доаѓањето на Светското Првенство во Шпанија во 1982, овој стадион се реновираше и се намали неговата сместивост на 90.000
Мечевите од Групата Б помеѓу Шпанија, Германија и Англија, како и финалето беа натпреварите кои се одиграа на Сантјаго Бернабеу на Светското првенство 1982
Во 1992 година стадионот беше реновиран и неговата сместивост изнесуваше преку 100.000, односно 106.500 гледачи. Во исто време стадионот беше реновиран и беше направен како што го знаеме денес, вклучувајќи го и преправањето на надворешните кули во аглите
Ова ново проширување значеше започнување битка со најголемиот соперник на Реал Мадрид, Барселона за кој има поголем стадион. Во оваа битка победи Барселона кога УЕФА реши да ги модернизира стадионите, односно стоечките места да ги претвори во седечки. Тогаш сместивоста се намали на 74.500
Новата реконструкција заврши. Оваа реконструкцијата на источната трибина ja зголеми сместивоста на 80.000 гледачи.
Екс-претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес во 2005 година, пред да го напушти ова место, даде наредба да се реконструира покривот на стадионот. Но, оваа работа сè уште не е започната
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.