Слободна Држава Ирска

поранешна држава, претходник на Република Ирска From Wikipedia, the free encyclopedia

Слободна Држава Ирска

Слободна Држава Ирска (ирски: Saorstát Éireann) била држава основана во 1922 година по англо-ирскиот договор од декември 1921 година. Тој договор ја завршил тригодишната ирска војна за независност помеѓу силите на самопрогласената Ирска Република, Ирската Републиканска Армија (ИРА) и силите на британската круна.

Кратки факти Слободна Држава ИрскаSaorstát Éireann (ирски), Статус ...
Слободна Држава Ирска
Saorstát Éireann (ирски)
1922–1937
Thumb
Голем печат
Химна: "Amhrán na bhFiann"[1]
"The Soldiers' Song"
Thumb
Слободна Држава Ирска обележана со темнозелена боја.
СтатусБритански посед
Главен градДаблин
53°21′N 6°16′W
Largest cityгл. град
Службени јазици
Национален јазикирски
Вероисповед
(1926[2])
Демоним(и)Ирец
Уредувањеунитарна парламентарна уставна монархија
Монарх 
 1922–1936
Џорџ V
 1936
Едвард VIII
Генерален гувернер 
 1922–1927
Тимоти Мајкл Хили
 1928–1932
Џејмс МекНил
 1932–1936
Данвал Бакли
LegislatureЕрахтас
Историја 
 Англо-ирски договор
6 декември 1921
 Устав на Ирската Слободна Држава
6 декември 1922
 Устав на Ирска
29 декември 1937
 Стапување на сила на Акт за Република Ирска од 1948
18 април 1949
Површина
до 8 декември 192284.000 km2 (32,000 sq mi)
по 8 December 192270.000 km2 (27,000 sq mi)
Население
 Estimate
2,948,000 (1937)
Валута
  • фунта (1922–27)
  • ирска фунта (1928–1937)
Временска зонаUTC
 Summer (DST)
UTC+1 (IST/WEST)
Date formatдд/мм/гггг
Driving sideлево
Претходници
Наследници
Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска
Ирска
Затвори

Слободната држава е основана како посед/ доминион на британскиот Комонвелт на нациите. Се состоела од 26те од 32-те окрузи на Ирска. Северна Ирска, која ги сочинувала преостанатите шест окрузи, го искористи своето право според Договорот да се откаже од новата држава. Владата на Слободната држава се состоела од генерален гувернер, претставник на кралот и извршен совет (кабинет), кои ги замениле револуционерната влада и привремената влада утврдени со Договорот. Вилијам Томас Косгрејв кој ги водел обете овие влади од август 1922 година, станал првиот претседател на Извршниот совет (премиер). Ерахтас или законодавниот дом се состоел од два дома, горен и долен.

Во 1931 година, со усвојувањето на Статутот на Вестминстер, Парламентот на Обединетото Кралство се откажал од скоро сите преостанати овластувања за законодавство за Слободната држава. Ова ги направиле поседите целосно суверени држави. Слободната држава на тој начин станала првата меѓународно призната независна ирска држава.

Во првите месеци на Слободната држава, се водела ирската граѓанска војна помеѓу новооснованата Национална армија и ИРА, кои одбиле да ја признаат државата. Граѓанската војна завршила со победа на владините сили, при што силите против Договорот го фрлиле оружјето во мај 1923 година. Политичката партија против Договорот, Шин Фејн, одбила да ги заземе своите места во Сенатот, оставајќи ја релативно малата Лабуристичка партија како единствената опозициска партија. Во 1926 година, кога претседателот на Шин Фејн, Самон де Валера не успеал да ја смени оваа политика, тој поднел оставка од Шин Фејн и ја основаше Фијана Фаил. Фијана Фаил влегла во Собранието по општите избори во 1927 година и влегла во владата по општите избори во 1932 година, кога стана најголемата партија.

Де Валера ја укина заклетвата за верност и започнал економска војна со Велика Британија. Во 1937 година подготвил нов устав, кој бил изгласан на референдум во јули истата година. Слободната држава завршила со стапувањето во сила на новиот устав на 29 декември 1937 година кога државата го променила името со „Ирска“.

Наводи

Литература

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.