Скочивирски манастир
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Скочивирски манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во близина на селото Скочивир.[1]
Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Скочивирски манастир |
Други имиња | Манастир „Свети Архангел Михаил“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Архангел Михаил |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Арханел Михаил“ |
Личности | |
Место | |
Место | Скочивир, Општина Новаци Македонија |
Координати | 40°58′11″N 21°38′32.7″E |
Видливи остатоци | една црква, конаци, чешма, трпезарија, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Краварско-бачка парохија) |
Според преданието, манастирот бил основан во 1870 година[б 1] по побуда од страна на млада девојка по името Анѓа, која сонила дека треба да преноќи во месноста Џајкова Чука и на тоа место да остави некој нишан. Со тек на време, на тоа место бил изграден мал манастир посветен на Архангел Михаил, до извор од којшто мештаните веруваат дека тече света лековита вода. Во 1967 година, мештаните ја започнале изградбата на манастирската црква нешто погоре од стариот манастир. Манастирската црква била реновирана во 1998 година кога се изградени и манастирските конаци.[2]
Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, чешма, трпезарија и помошни објекти.
Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Кон десната страна на храмот, непосредно пред главниот влез, е прилепена камбанаријата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.