зимски спорт From Wikipedia, the free encyclopedia
Скелетон е зимски спорт во кој целта е да се премине определена патека со специјални санки во што е можно пократко време. При возењето, натпреварувачот е во положба со главата напред, со лицето надолу на санката. Овој спорт, од санкањето се разликува по положбата на телото, бидејќи кај санкањето положбата може да биде седечка, лежејќи на грб, и со нозете напред.
Денес, во скелетонот се практикуваат само две дисциплини: мажи поединечно и жени поединечно. Правилата се едноставни: натпреварувачот на кратка патека се залетува и трчајќи ја турка санката, легнува на неа, и потоа со движењето на телото ја управува насоката на движење.
Како еден од најстарите зимски спортови, скелетонот бил дел од Зимските олимписки игри, најпрво на Зимските олимписки игри 1928 а потоа и на Зимските олимписки игри 1948, за потоа да биде истиснат од програмата од санкањето и бобот. На Зимските олимписки игри, скелетонот се вратил на Зимските олимписки игри 2002 во Солт Лејк Сити, и од тогаш е стандарден спорт во програмата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.