Синагога „Бет Ахарон“ (Скопје)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Синагога „Бет Ахарон“ (Скопје)

Синагога „Бет Ахарон“ — првата синагога во Скопје, изградена во 1366 година, срушена по скопскиот земјотрес. Синагогата била сместена во Еврејското маало, заедно со другата синагога Бет Јаков, на просторот каде сега се наоѓа Меморијалниот центар на холокаустот.[1]

Кратки факти Синагога „Бет Ахарон“, Општи податоци ...
Синагога „Бет Ахарон“
Thumb
Thumb
Општи податоци
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Почната1366 година
Урнатанепозната
Затвори

Натпис на синагогата

За натписот на синагогата пишувал д-р Давид Гинсбург, рабин од Бјеловар, Хрватска, кој го посетил Скопје. По неговото враќање во Беловар испратил писмо до Еврејската заедница во Скопје во кое се заблагодарил за укажното гостопримство и додал дека многу жали што минатото на Евреите од тој град е непознато не само надвор од Скопје, туку и во самиот град. Ја замолил заедницата да му испратат некои книги и документи, како и фотографија од плочата со натпис вградена на портата пред дворот на синагогата, како и натписот што се однесувала на синагогата „Бет Јаков“. Од Скопје, добил само фотографија од влезот во „Бет Ахарон“, го транскрибирал и го објавил во списанието „Оманут“, број 1-2/1941, во Загреб, под наслов „Од минатото на Евреите во Скопје“. Со текстот е објавена и фотографијата, на која јасно може да се прочита текст на хебрејски јазик. Од текстот може да се најдат важните датуми за самата синагога, односно датумот за нејзината изградба, и двете години на нејзината обнова.

Поврзано

Литература

  • Жени, Лебл. „Плима и слом“. Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија. Скопје, ноември 2013 година. ISBN 978-608-65129-6-5.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.