Remove ads
македонски новинар, публицист, историчар и дипломат From Wikipedia, the free encyclopedia
Симеон Радев (Ресен, 19 јануари 1879 — Софија, 15 февруари 1967 ) — истакнат македонски новинар и виден публицист, историчар и дипломат во Бугарија. Бил близок до Централниот комитет на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет на Борис Сарафов, во Женева го издава (француски јазик) весникот “L’ Effort” (1900 — 1901), а по дипломирањето во Париз го редактира весникот „Le Mouvement Macedonien” (Македонско движење) (1902 — 1903).
Симеон Радев | ||
Роден | 19 јануари 1879 Ресен, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 15 февруари 1967 Софија, Бугарија |
Роден е во 1879 год. во Ресен. Автор е на една од првите истории на Третата бугарска држава — „Градители на современа Бугарија“. Бил бугарски дипломатски претставник во Букурешт, Берн, Хаг, Анкара, Вашингтон, Лондон и Брисел, исто така и прв бугарски претставник во Друштвото на народите во Женева. Бил истакнат член на Македонскиот научен институт.
По Младотурската револуција од 1908 година го поддржува Соjузот на бугарските конституциони клубови.
Симеон Радев е член и на бугарската делегација при потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година и при потпишувањето на Солунското примирје во 1918 година.
Во своите дела Радев се нарекува Бугарин од Македонија, а словенското население во Македонија — бугарско.[1][белешка 1][белешка 2]
Во април 2012 година, Владината служба за заеднички и општи работи соопштила дека ќе ја тргне поставената статуа на Симеон Радев на новата зграда на Министерството за надворешни работи бидејќи била поставена по грешка. Првично било изjaвено дека наместо Радев требало да биде поставена скулптура на Теодор Рузвелт. Неофицијално, подоцна било соопштено дека Радев ќе бил префрлен во Музејот на македонската борба, без разлика на исходот на неговиот политички живот бидејќи во музејот се поставуваат скулптури од секоја политичко-идеолошка ориентација која имала влијание во Македонија.[2] На неговото место на зградата на МНР била поставена скулптура на Жан Моне.[3]
Во врска со животот на Турците во Македонија и нивните односи со месното население, во своите„Рани Спомени“, Радев пишува дека: „Турците беа почнале да се чувствуваат Македонци“. На друго место, кога дознал од каде доаѓа радев и пријателите, некој руски офицер рекол: „Несреќни Македонци! Вие пак останувате во ропство.“
"Јас не сум екстремен, туку бескраен бугарски националист"
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.