Сергеј Главјук
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сергеј Главјук — руски поет и преведувач.
Сергеј Главјук е роден на 2 септември 1958 година во Дрезден, Германија. Во 1960 г. со своите родители се враќа во Русија. Средно училиште завршува во подмосковскиот град Корољов. Дипломирал на Литературниот институт „Максим Горки“ во Москва. Работел како уредник и главен уредник во повеќе издавачки куќи. Член на Сојузот на писателите на Русија. Почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Ги објавил книгите: Глоток (поезија, 1991), Точка возврата (поезија, 1997). Избор од неговата поезија е објавен на македонски јазик под наслов Агли (1997). Активно се занимава со преведувачње од словенските јазици. Од македонската книжевност на руски јазик превел дел од творештвото на Константин Миладинов, Константин Петкович, Григор Прличев, Коле Неделковски, Гане Тодоровски, Радован Павловски, Петар Т. Бошковски, Раде Силјан, Јован Стрезовски, Славе Ѓорѓо Димовски, Јанко Нинов и други. Составувач е на антологијата на македонската поезија на XIX и XX век (Москва 1997). Добитник е на наградите на Сојузот на преведувачите на Македонија (1997) и на наградата за најдобра песна на Струшките вечери на поезијата (1999)[1],[2].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.