Сент Џорџ Џинџерланд
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сент Џорџ Џинџерланд (англиски: Saint George Gingerland) е парохија во југоисточните делови на островот Невис во државата Свети Кристофер и Невис. Според проценките за 2001 година, парохијата имала население од 2.500 жители.
Сент Џорџ Џинџерланд Saint George Gingerland | |
---|---|
парохија | |
Држава | Свети Кристофер и Невис |
Адм. центар | Маркет Шоп |
Површина | |
• Вкупна | 18 км2 (7 ми2) |
Население (2001 проц.) | |
• Вкупно | 2.568 |
• Густина | 140/км2 (370/ми2) |
Името „Џинџерланд“ на македонски би се превело како „земја на ѓумбир“ (ginger е англиски збор за ѓумбир, land е земја). Името е поврзано со одгледувањето на ѓумбир во оваа парохија во минатото.
Административен центар на оваа парохија е Маркет Шоп, а покрај ова село во парохијата се наоѓаат и други села, како на пример Чикен Стоун, Зетландс и Зион.
Оваа парохија е една од најнаселените во Невис бидејќи има плодна почва и поволна клима. Парохијата се наоѓа на заветрената страна на островот. Селата во оваа парохија имаат поладна клима бидејќи се на повисоко за разлика од крајбрежните населени места.
Џинџерланд е главен снабдувач на свежо овошје и зеленчук за Невис. Фармите се мали и посевите се во зависност од потребите на населението. Покрај тоа, населението се занимава и со сточарство, првенствено одгледување овци, кози, прасиња, крави и коњи. Во крајбрежните предели значајна стопанска гранка е риболовството.
За целокупната парохиска економија значајна улога игра и туризмот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.