Селце Кеч
село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia
Селце Кеч (албански: Sellca e Keqe, прев. Лошо Селце) — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Селце Кеч | |
Координати 41°56′20″N 20°52′35″E | |
Општина | Боговиње |
Население | 86 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 28072, 28571 |
Надм. вис. | 855 м |
Селце Кеч на општинската карта Атарот на Селце Кеч во рамките на општината | |
Селце Кеч на Ризницата |
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
По Балканските војни е забележано со 242 жители.[2]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Брвеничка општина во Долнополошкиот срез и имало 41 куќа со 203 жител, Албанци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[4]
Според пописот од 2002 година селото имало 212 жители, од кои 211 Албанци и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 86 жители, од кои 62 Албанци и 24 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 243 | 275 | 263 | 328 | 415 | 0 | 308 | 212 | 86 |
Селце Кеч е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Во селото постои избирачкото место бр. 2076 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 271 гласач.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.