река во Монголија и Русија From Wikipedia, the free encyclopedia
Селенга руски: Селенга́) или Селенге (монголски: Сэлэнгэ мөрөн; бурјатски: Сэлэнгэ гол, Сэлэнгэ мүрэн — важна река во Монголија и Република Бурјатија, Русија. Се образува од реките Идер и Делгер и на крајот се влева во Бајкалското Езеро. Има вкупна должина од 992 км според едни[1][2], а 1.024 км според други извори.[3] Во нејзиното настанување учествува системот Енисеј-Ангара. Има истек од 935 м3/с кој завршува во Бајкалското Езеро, и со тоа сочинува речиси половина од речниот дотек во езерото, образувајќи делта со површина од 680 км2.
Селенга Сэлэнгэ | |
Селенга во Русија | |
Главен извор | Делгер |
---|---|
Спореден извор | Идер |
Влив на изворите | Олон голин билчир |
- местоположба | Хувсѓол, Монголија |
- координати | 49°15′40″N 100°40′45″E |
Утока | Бајкалско Езеро |
Должина | 992 км |
Слив | 447.000 км2 |
Истек | во Уст-Кјахта |
- просечен | 284 м3/с |
- максимален | 601 м3/с август |
- минимален | 23 м3/с февруари |
|
Името потекнува од евенскискиот поим селе (железо) и наставката -нга.[4] По реката е наречена и покраината Селенге во северна Монголија. На монголски пак, глаголот селех значи „плива“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.