Сеизмичноста - мерка што опфаќа појави на земјотрес, механизми и големина на дадена географска местоположба.[1] Како такво, таа ја сумира сеизмичката активност на регионот. Терминот бил измислен од Бено Гутенберг и Чарлс Франсис Рихтер во 1941 година. Сеизмичноста ја изучуваат геофизичари.
Пресметка на сеизмичност
Сеизмичноста се пресметува квантитативно. Општо, регионот што се изучува е поделен на подеднакво големи области дефинирани со географска ширина и должина, а внатрешноста на Земјата е поделена на различни интервали на длабочина заради слоевитоста на Земјата: До 50 км длабочина, 50-300 км, и повеќе од 300 км.[2]
Вообичаената формула за пресметување на сеизмичноста е:
каде
- : е енергијата на еден сеизмички настан (т.е. земјотрес);
- : интервал на географска ширина;
- : интервал на должина
- : интервал на хипоцентарот ;
- : интервал од времето на сеизмичкиот настан.
- Резултатот е сеизмичност како енергија по кубна единица.
Поврзано
- Скала на моментна магнутуда
- Тектоника на плочи
- Сеизмологија
- Вадатиово-Бениофова зона
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.