Свиткана пирамида
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Свиткана пирамида — староегипетска пирамида и појужна од двете големи пирамиди во Дахшур. Таа се разликува од сите останати египетски пирамиди поради нејзиниот необичен облик кој го добила како последица на проблеми кои настанале при нејзината изградба. Таа има наклон од 54 степени, а горниот дел над висината од 47 метри е со поостар наклон од 43 степени, што на пирамидата и го дава препознатливиот „свиткан“ облик.[1]
Пирамидата била изградена околу 2650 п.н.е. од страна на првиот фараон од Четвртата египетска династија Снофру. Објектот бил првата градба која била замислена да претставува вистинска пирамида, иако Снофру веќе бил зафатен со изградба на Медум како гробница во облик на скалеста пирамида. Таа е четвртата најголема пирамида и, за разлика од останатите пирамиди, нејзиниот надворешен изглед е во голема мера сочуван. Пирамидата најверојатно не служела како гробница, туку како кенотаф или молитвен простор, бидејќи подоцна изградената Црвена пирамида била искористена како гробница на Снофру.[2]
Свитканата пирамида била изградена од страна на фараонот Снофру во 15. година од неговото владеење како втора гробнива по започнувањето на изградбата на скалестата пирамида во Медиум. Како место на изградба одбрал нова некропола во денешен Дахшур. Причината поради која се одлучил за изградба на втора пирамида е непозната, но можно е да се должи на преместувањето на престолнината. Новата градба била првата пирамида која било планирано да биде вистинска пирамида, но поради проблеми при изградбата не можела да го добие вистинскиот облик.[2][3][4][5][6][7]
Европските патници во Египет, како Роберт Хантингтон, Ричард Мелтон и Ричард Покок, уште во 17 век опишале пирамида со необичен облик во своите мемоари. Пирамидалниот комплекс за првпат бил систематски истражуван од страна на Џон Ши Перинг во септември 1839 година. Со истражување на градбата исто така се занимавале и Карл Рихард Лепсиус во 19 век, како и Флиндерс Петри на почетокот од 20 век. По 1945 година, истражувања биле спроведени од страна на Абдел Салам Хусаинс и Александар Вјариљ, иако пишани извештаи од нивните истражувања не се сочувани. Темелно истражување на пирамидата било извршено од страна на Ахмед Фахри на почетокот на 1950-те, по што следеле истражувањата на Вито Маргољо и Целест Риналди, Јозеф Дорнер и истражувачката екипа од Германскиот археолошки институт предводена од Рајнер Штаделман во 1980 година.[4][5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.