From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Лав Катански е христијански светец од 8 век.
Според христијанското верување во Катанија се појавил некој маѓосник Илиодор, кој го залажувал народот со разни фантазии и мошне ја развратувал младината. Еднаш, за време на Божјата служба, влегол во храмот и ги почнал своите залажувања. Свети Лав пристапил кон него, го врзал со едниот крај на омофорот и го одвел на градскиот плоштад. Таму наредил да се запали голем оган. Кога огнот се разгорел, тој застанал во средината на огнот и го вовлекол во него и Илиодор. Илиодор целиот изгорел, а св. Лав останал жив и недопрен[1].
Свети Лав бил петнаесеттиот епископ на Катанија и бил познат по својата љубов и грижа кон сиромашните, и делувал во времето на Јустинијан II и Константин IV.
Православната црква неговиот ден го чествува на 20 февруари.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.