Света Лидија Македонка
македонска светица, прв христијанин во Европа From Wikipedia, the free encyclopedia
македонска светица, прв христијанин во Европа From Wikipedia, the free encyclopedia
Света Лидија — македонска светица, првиот христијанин во Европа, покрстена од Апостол Павле. Била камен-темелник на Црквата во Филипи кај денешното село Рахче, Кавалско во Егејска Македонија. Во триесет и првата година пред Христа, градот Филипи станал римска колонија, од страна на царот Октавијан Август кој кон името на градот додал дека е негова колонија. За да го засили римското влијание во Македонија, тој таму преселил многу значајни граѓани од Италија, и во Филипи поставил римски гарнизон и на жителите им ги дал сите права на Римајни. Првата христијанска црква, кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, била формирана во Филипи. Тоа се случувало во педесет и првата или педесет и втората година на почетокот на второто мисионерско патување на светиот Апостол Павле (51-54 година), коешто е опишано во Делата на светите апостоли.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Во Светото Писмо се говори дека свети апостол Павле во Троада имал видение на еден човек Македонец кој го молел и му велел: Премини во Македонија и помогни ни! Евангелистот Лука во Делата запишал дека разбрале дека станува збор за Божја промисла таму да се проповеда Евангелието. Црквата во Филипи била првата Европска црква што ја основал апостол Павле. Светиот апостол ќе рече: Македонските христијани, доброволно, со љубов и дарежливо милостдие, материјално го помогнаа делото на Господ Бог.
Света Лидија е камен темелник на Црквата во Филипи. Таа е прва личност која што била крстена од страна на апостол Павле на европско тло и затоа се прославува како прва христијанка – Европејка. Крштевањето се случило во рекичката кај денешното село Маџар Чифлик, на подоцна преименувано во Лидија во нејзина чест. Била богата и побожна жена, омажена во градот Филипи, а потекнувала од малоазиска провинција, од градот Тијатир кој бил македонска колонија. Лидија била продавачка на порфир, скапоцени црвени ткаенини кои се изработувале во Азија, а Европејците ги користеле за своите богати облеки. Градот Тијатир бил прочуен по бојадисувањето на ткаенините со природни црвени бои на порфирот. Лидија тргувала со порфирот (црвено боило) којшто бил употребуван за благороднички облеки, бидејќи во Филипи имало воени ветерани, и градот бил богат. Нејзиниот сопруг не се спомнува па се смета дека е вдовица. Се мисли дека била прозелитка, но го почитувала Бога, па го напушта многубоштвото и се покрстува таа и нејзините поблиски роднини.
Во главата 16 на Делата на светите апостоли, крштевањето на Лидија е опишано вака:
„ | И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле. А кога беше крстена таа и нејзините домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди. | “ |
Евангелието кога стигнало во Европа не го пресретнале мажите, туку жените, бидејќи тие први се појавиле пред апостолите. Свети апостол Павле активно ги вклучува и жените во мисионерството и во евангелизацијата во ранохристијанската црква. Тој ги пофалува и ги поткрепувал христољубивите жени меѓу мои: Прискила од Коринт, Маријам од Рим, Фива од Кенхреја, мајката на Руф и други.
По крштевањето света Лидија побарала од апостолите да ја препознаат како верна во Господа, што и сториле, знаејќи ја нејзината вера, скромност и благочестивост.Света Лидија била гостопримлива па ги понудила светите апостоли да живеат во нејзиниот дом, па свети апостол Лука ќе посведочи за тоа, и тие на крајот прифаќаат, со што се потврдува дека таа е достојна за тие да бидат во нејзиниот дом. По заминувањето на апостол Павле со придружниците, се претпоставува дека апостол Лука останал да живее во куќата на Лидија. Куќата станала првиот христијански храм во Европа, по примерот од куќата на Марија, мајката на евангелистот Марко во Ерусалим. Лидија е првата христијанка жена, во првата христијанска црква во Европа – црквата во Филипи, Македонија. Апостол Павле единствено од оваа црква примил дарови за своето мисионерско дејство, бидејќи знаел дека тие биле дадени од срца полни со љубов. Оваа црква станува пример за формирање на други цркви во Македонија и во Елада. Се смета дека Лидија е основоположник и на црквата во Тијатир која е една од седумте цркви во Азија, за коишто зборува свети Јован во Откровението. Единаесет години по заминувањето од Филипи, пред крајот на првото заточеништво во Рим (63-64 година) апостол Павле пишува послание до Филипјаните, со многу љубов и лични спомени:„ Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа и така,браќа мои возљубени и многу пожелани, радост моја и венец, стоите тврдо во Господа, возљубени“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.