Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Самуел Ето (Англиски јазик:Samuel Eto'o) е камерунски фудбалер кој моментално настапува за турскиот клуб Анталијаспор. Тој е еден од најдобрите африкански фудбалери кој бил четири пати играч на годината во Африка, но и трет на списокот на ФИФА за најдобар играч на годината во 2005 година. Тој бил избран како трет играч на светот во 2005 година.
Ето постигнал повеќе од 100 голови во пет сезони за Барселона, но исто така тој е рекордер по брајот на настапи во Ла лига, како африкански фудбалер.[6] Во 2010 година тој станал прв играч кој ја освоил тројната круна, две години по ред, со Барселона и Интер. Тој е вториот играч во историјата кој постигнал два гола во две финалиња на Лигата на шампионите и четврти играч по Марсел Десаи, Пауло Соуса и Жерар Пике, кој ја освоил Лигата на шампионите две години по ред, со два различни тимови.[7]
Како член на камерунската фудбалска репрезентација, Ето бил дел од тимот кој ги освоил Летните олимписки игри 2000 година, на Олимписки турнир во фудбал. Тој, исто така, учествувал на четири Светски првенства и на шест Африкански првенства на нации (двапати е шампион) и е водечки стрелец во историјата на Африканскиот куп на нации, со 18 гола. Тој е, исто така и водечки стрелец на сите времиња за репрезентацијата на Камерун и трет по бројот на настапи.[8] , односно со 118 одиграни натпревари. На 27 август 2014 година објавил дека се пензионира од играњето во репрезентацијата. Во 2015 година, тој ја примил наградата Златна копачка. Во септември 2021 година, Самуел Ето, ја објави својата кандидатура за претседател на Камерунската фудбалска федерација (Фекафут).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.