Remove ads
samuilovata nadgrobna ploca From Wikipedia, the free encyclopedia
Самоиловиот натпис или самоилова надгробна плоча претставува еден од најстарите кирилични натписи откриени на територијата на Македонија. Натписот е испишан на надгробната плоча на родителите на цар Самоил испишана во 992/3 година. Натписот кој бил испишан по наредба на цар Самоил, ги споменува имињата на неговите родители и неговиот брат Давид.
Самоилов натпис | |
---|---|
Фотографија од 19ти век на оригиналната плоча. Натписот се наоѓа во долниот десен агол | |
Материјал | Мермер |
Натписи | кирилица |
Создаден | 992/3 год. |
Откриен | 1898 Герман, Преспа |
Откриен од | Фјодор Успенски |
Сегашна локација | Национален историски музеј, Софија, Бугарија |
Моментално, надгробната плоча се наоѓа во Националниот археолошки музеј во Софија, Бугарија. Во 1916 за време на Првата светска војна бил пренесен од селото Герман, во близина на Преспанското Езеро во Грција. Димензиите на плочата се 125–130 cm висина, 52–67 cm широчина, и 7–10 cm дебелина. Натписот бил цитиран од повеќе историчари, како Фјодор Успенски, Јордан Иванов, и Николај Адонц.
Оригиналниот натпис со реконструитани делови во загради и расчитан со празни места, големи букви и интерпункциски знаци гласи:
Преведен на современ македонски јазик гласи:
"Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, јас, Самоил, раб Божји, полагам помен на татко ми и мајка ми и брат ми на овој крст. Ова се имињата на покојните: Никола, раб Божји; Рипсимија и Давид. Се напиша во годината од создавањето на светот 6501, индикт VI."
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.