саат-кула во Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia
Саат-кула (турски: Ebu Bekir Paşa Saat Kulesi) — еден од најзнаменитите и препознатливи градби во градот Гостивар. Таа е еден од трите културно-историски споменици во Гостивар и се наоѓа и на општинските грб и знаме.[1] Гостиварската саат кула заедно со оние во Скопје, Битола и Прилеп е една од најзачуваните првични саат-кули. Таа сè уште е во функција и го покажува точното време преку неколку часовници вградени на неа. Кулата е заведена како Културно наследство на Македонија.[2]
Саат-кула Гостивар Ebu Bekir Paşa Saat Kulesi | |
---|---|
Саат-кулата во 2012 година | |
Општи податоци | |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Гостивар |
Земја | Македонија |
Почната | 1728/29 |
Нарачател | Исмаил-ага |
Се наоѓа во средиштето на Гостивар, а веднаш до неа постои џамија наречена Саат-џамија („Ебу Бекир-пашина џамија“) која била обновена во поново време[3] Во непосредната околина на саат-кулата се наоѓаат поштата, познатиот трговски центар „Блу-центар“ со стаклената фасада, а недалеку по улицата на 250-300 метри е црквата црквата Света Богородица и градскиот плоштад.
Изградена е во 1728/29 година од Исмаил-ага, син на Хаџи Јусуф-ага. Годината на градбата и името на градителот се запишани на османлиско-турски јазик на камена плоча што се наоѓа над влезната врата.
Во 2010 била реставрирана под сомнителни околности.[1]
Во јануари 2017 година, биле пуштени во употреба четири нови часовници на врвот на кулата. Поставувањето на часовниците било раководено од Конзерваторскиот центар - Гостивар, а парите били обезбедени од Министерството за култура во вредност од 520 илјади денари.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.