СУ „Љупчо Сантов“ - Кочани
средно училиште во Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
средно училиште во Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
Средно општинско училиште „Љупчо Сантов“ ― гимназија во Кочани.[1] Го носи името на борецот од Народноослободителната борба, Љупчо Сантов.
СOУ „Љупчо Сантов“ - Кочани | |
---|---|
Поглед на гимназијата од училишниот двор | |
Адреса | |
ул. „Глигор Апостолов Гочо“ бр. 31 | |
Координати | 41°54′51″N 22°24′36″E |
Информации | |
Поранешно име/имиња | Економски техникум „Љупчо Сантов“ - Кочани Гимназија со економски паралелки „Љупчо Сантов“ - Кочани |
Вид | гимназиско и економско средно училиште |
Основано | 1945 |
Месен авторитет | Општина Кочани |
Авторитет | Министерство за образование и наука |
Директор | Игор Христов |
Наставен јазик | македонски |
Мрежно место | ljupcosantov.mk |
Училиштето било создадено во учебната 1945/46 година. Според главните книги кои постојат во училишната архива, бројот на паралелките во таа учебна година бил: во I клас 2 паралелки, во II клас 2 паралелки, во III клас 2 паралелки и во IV клас 1 паралелка. Првата генерација на завршени ученици со IV клас и положен завршен испит бил во учебната 1948/49 година.[2]
Од учебната 1956/57 година бил создаден смерот Економски техникум со паралелки во I клас, така што во таа година не се запишувани ученици во I клас во гимназијата. Останатите паралелки во погорните класови во гимназијата постепено го завршувале своето образование. До укинување на гимназискиот смер дошло поради укинување на гимназиите во помалите градови во НР Македонија, согласно наредбата на Министерството за просвета.[2]
Во учебната 1959/60 година завршила првата генерација на економисти. Учениците од Економскиот техникум наставата ја следеле во сегашната зграда на Основното училиште „Моша Пијаде“ (денес ОУ „Никола Карев”).[2]
Во учебната 1960/61 година, повторно била воспоставена гимназијата во Кочани со 2 паралелки ученици. Со повторното воспоставување на гимназискиот смер, бројот на ученици од година на година постепено растел, додека при уписот на учениците во I клас во Економскиот техникум опаѓал. Со повторното формирање на гимназијата, наставата се одвивала во сегашната зграда на школата, која тогаш носела назив Економски техникум „Љупчо Сантов“ - Кочани. Бројот на наставниците при повторното воспоставување на гимназијата бил минимален, и тоа хонорарни наставници ја изведувале наставата.[2]
Од септември 1964 година постоеле самоуправни органи на управување при школата.[2]
Со Одлука и Решение на Општина Кочани одлучено е на 29 октомври 1965 година, да биде споен Економскиот техникум кон гимназијата и од 1 јануари 1966 година, е извршено припојувањето на Економскиот техникум со гимназијата, така со извршената регистрација на школата при Окружниот суд во Штип, носел назив Гимназија со економски паралелки „Љупчо Сантов“ - Кочани. Во оваа учебна година школата имала во гимназиските 23 паралелки, а во економските 11 паралелки, или вкупно 34 паралелки со 1026 ученика.[2]
Бројот на наставниот кадар спрема потребната квалификација во оваа учебна година, задоволувал. Потребни биле уште 8 редовни наставници за да биде сведена наставата на минимум хонорарни часови. Недостигале наставници по предметите: математика, хемија, биологија и 2 наставника со завршен Економски техникум за економските паралелки.[2]
Во рамките на училиштето функционираат гимназиско образование и средно стручно образование-економско правна и трговска струка.[4]
Во гимназиското образование се застапени 3 подрачја, секое со по две комбинации, А и Б:
Трите подрачја се верифицирани со решение од Министерството за образование и наука.
Во стручното образование- економско правна и трговска струка се застапени 2 профили и тоа:
Двата профила се верифицирани со решение од Министерството за образование и наука.
„Љупчо Сантов“ има сопствена училишна библиотека која располага со книжевен фонд од 1,500 наслови во 15,000 книги кои се достапни за учениците и наставниците. Во оваа бројка се вклучени и наслови на англиски, француски и германски јазик.
Во еден момент членувале 393 ученици и 30 професори.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.