средно училиште во Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Средно училиште на Град Скопје - Гимназија „Орце Николов“ (СУГС Гимназија „Орце Николов“) е државно средно училиште во Скопје, Општина Карпош.
СУГС Гимназија „Орце Николов“ | |
Место | |
Општина: | Карпош |
Место: | Скопје |
Адреса: | Булевар „Илинден“ бр. 101 |
Основни информации | |
Основано: | 1955 |
Директор: | Митко Димовски |
Број на ученици: | 1134 |
Настава на: | македонски, француски и англиски |
Контактни информации | |
Портал | orcenikolov.edu.mk |
е-пошта | gimnazija_orce@yahoo.com info@on.edu.mk |
тел. | +389 23 065 565 |
факс | +389 23 065 555 |
Основната дејност на училиштето е воспитание и образование, реализирани преку наставни планови и програми кои се одредуваат со законски прописи на Министерството за образвание и наука и Бирото за развој на образованието на Република Македонија.
Училиштето СУГС Гимназија „Орце Николов“ постои повеќе од 60 години.
Средното училиште на Град Скопје- Гимназија ,,Орце Николов“ започна со воспитно – образовна дејност во учебната 1955/1956 година, како училиште на српско-хрватски наставен јазик. Од учебната 1956/1957 година, во рамки на структурата на училиштето, се формира и првиот Училиштен одбор.
Од 1957/1958 наставата во гимназијата почнала да се одвива на македонски и на српско- хрватски јазик. По земјотресот, наставата на гимназијата се одвивала во просториите на тогашнитеосновни училишта ,,Браќа Миладиновци“ и ,,Кирил и Методиј“.
Од 1970 година, Училиштето започнува со својата дејност во новите простории на бул. ,,Илинден“ бб, во кои се наоѓа и денес. Периодот од 1970 до 1981 година е особено успешен период за училиштето, за што сведочат и многубројните награди, меѓу кои побитни се: „Ноемвриска награда“ (1974 година, за успешна работа на училиштето), „Климент Охридски“ (1979 година), „13 Ноември“ (доделена на Спортското друштво на училиштето во 1975 година, за најдобро организиран спортски живот).
Во 1982 и 1983, гимназијата се трансформираше во училиште за средно образование за електротехничка струка, насока слаба струја од трети и четврти степен на образование. Истовремено со електротехничката струка од учебната 1993/1994 година, постои и гимназиско образование - општа струка.
Од учебната 1993/1994 година истовремено со електро-техничката струка започнуваат со работа првите гимназиски паралелки.
Со решение на Училишниот одбор, во 2001 година заврши последната генерацијаученици од електро-техничка струка, со што училиштето се оформи како Државно средно училиште Гимназија ,,Орце Николов“.
Од 2007 година училиштето е верифицирано како Средно училиште на Град Скопје Гимназија „Орце Николов“-Скопје.
Училиштето е основано со Решение на Републичкиот секретаријат за образование и наука бр. 7887 од 25.07 1955 година. Гимназиското образование, општествено–хуманистичко подрачје, природно– математичко подрачје и јазично– уметничко подрачје е верифицирано со Решение бр. 03- 2440/1 од 15.05 2004 година од Министерство за образование и наука.
Просторните капацитети на Училиштето се простираат на вкупна површина од 22.229 м2. Објектот е во тврда градба, со приземје и спрат. Во рамки на Училишната просторна организација е изградена и фискултурна сала, во рамки на стандардниот објект. Во училиштето просторот се состои од: 23 училници (од кои 6 опремени со LCD проектори, 1 кабинет со SMART табла), 6 кабинети, библиотека со читална, кариерен центар, фискултурна сала и сала за фитнес, соодветно уредени спортски терени, зелена дворна површина, канцелариски простор, ходници, санитарни јазли и и други помошни простории.
Во идната учебна година, училиштето ќе ја реализира воспитно – образовната дејност со расположливата техничка опрема и дидактички материјал.
Општи цели:
Посебни цели:
Особено важно е постоењето и успешното работење на експерименталната програма настава на англиски јазик во една од паралелките од електротехничката струка, и тоа по предметите: Математика, Електроника, Електронски уреди и Основи на електротехниката. По оваа програма завршија четири генерации ученици. Со решение на училишниот одбор, во 2001 година го завршува своето образование и последната генерација од електротехничката струка, и останува само гимнзиско образование. Воспитно-образовната дејност се реализира на македонски јазик, а во една паралелка, во сите четири години, се реализира програма за гимназиско образование со двојазична настава. Во двојазичните паралелки, наставата по неколку предмети се изведува на француски јазик, и тоа: Математика, Информатика, Физика, Хемија, Историја и Биологија. Исто така од 2006 година воведени се и нови двојазични паралелки при кои наставата се изведува на англиски јазик. Предмети кои учениците ги изучуваат на англиски јазик се: Математика, Физика, Хемија, Историја, Биологија и Географија. За влез во овие елитни паралелки потребно е полагање на испит по англиски јазик.
Поединечните интереси на учениците се реализираат преку изборот на проектни активности кои на учениците им нудат можност да ја реализираат својата креативност и потенцијали, надвор од редовната настава.Тие се изведуваат според стандардите пропишани од БРО и соодветен фонд на часови, во сите четири години, по слободен избор на ученикот и во зависност од капацитетите и можностите на училиштето. Учениците избираат една од понудените проектни активности, а како задолжителна се изведува Иновации и претприемништво.
I група
II група Активности од областа на музиката
III група Ликовно творечки активности
IV група
V група Спортски активности
VI група Култура на здраво живеење
VII група-природна група предмети
VII група
Во годините што следуваат Училиштето продолжува активно да учествува во програмата „Еко–училиште“ во чии рамки се предвидени неколку активности. Постапките со кои ќе се реализираат активностите подразбираат вклучување на сите расположливи ресурси на Училиштето (ученици, наставници, родители, педагошко-психолошка служба, технички персонал), како и соработка со локалната власт и бизнис-заедницата.
Средното училиште „Орце Николов“ како и со своите многу други одлични одлики, може да се пофали и со најобразованиот наставен кадар од сите средни училишта во Скопје и пошироко. Дел од професорите се и:
Директор
Македонски јазик и литература ( Говорење и пишување )
Англиски јазик
Француски јазик
Германски јазик
Италијански јазик
Латински јазик
Математика (Алгебра, Аналитичка геометрија, Математичка анализа)
Физика
Хемија
Биологија
Географија
Историја
Информатика , Информатичка технологија , Програмски јазици
Социологија
Филозофија/Етика
Економија
Бизнис
Педагогија
Менаџмент
Право
Музичка култура
Спорт
Ликовна култура
Психологија
Библиотека
Раководител на смена
Секретар
Професионалното усовршување на наставниците е од клучно значење за реализирање на модерна и квалитетна настава. Наставниците ќе бидат вклучени во сите обуки и семинари организирани од релевантни субјекти со цел перманентно надградување на нивните знаења и развивање на свеста за доживотно учење. За оваа учебна година се планирани интерни обуки на наставниците за користење на смарт табла, користење на LCD проектори и изготвување на училишни проекти.Дел од наставнот кадар ќе посетува обуки и ќе врши дисеминации во рамки на постојните проекти, а дел ќе го усовршуваат познавањето на странски јазици (француски, англиски и германски јазик).
Училишниот одбор е орган на управување во училиштето. Тој брои дванаесет членови и тоа: 4 претставници од наставници, 3 од претставници од родителите на учениците, 3 претставници од основачот и по еден претствник од Министерството и од деловната единица (Стопанска комора). Училишниот одбор го донесува:
Соработка на училиштето со семејството Воспитно образовниот процес на адолесцентот е незамислив без перманентна, блиска, отворена и целосна соработка со родителите односно семејството на ученикот. Семејството е тоа кое го доверило својот член да биде дел од нашето училиште и секако, треба да има неприкосновено право на комуникација, соработка, информирање за се она што се случува во училиштето. Оваа соработка, комуникација во најширока смисла на зборот се овозможува преку најразлични форми и облици, почнувајќи од родителски средби, прием на родителите во определено време, вклучување на родителите во управувањето со училиштето, стручна соработка со нив, вклучување на родителите во остварување на целите на училиштето, заеднички забави, одбележување приредби, културни, спортски или научни манифестации.
Соработка на училиштето со институции и организации Училиштето ја продолжува соработката со институциите кои се тесно поврзани со неговото работење:
Меѓународна соработка Целта на соработката пред сè е размена на искуства од воспитно-образовната работа, размена на посети на ученици и наставници, интернет комуникација и соработка, помош во организирање на предавања и семинари од вработените од училиштата во овие држави, организација и реализација на заеднички спортски настани, игри и натпревари, сè со цел унапредување на соработката, размена на културата на живеење, традицијата и сл. Училиштето има воспоставено соработка со училишта од Р Франција, Албанија, Бугарија, Романија, БиХ, Црна Гора, Велика Британија, Србија и Германија.
Соработка со училишта од други земји:
Се планира меѓународната соработка да продолжи со истите училишта како и да се прошири соработката со други училишта од други земји во регионот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.