From Wikipedia, the free encyclopedia
Ролс-Ројс Рејт (англиски: [Rolls-Royce Wraith] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — автомобил на Ролс-Ројс, прозиведуван во фабриката во Дерби од 1938 до 1939 г. и од посебни каросеристи на основа на нивната шасија.
Моторот бил честцилиндричен праволиниски со работна зафатнина од 4257 см³, заснован на моторо на 25/30 но имал поинаква цилиндрова глава. Четирибрзинскиот менувач бил синхронизиран на втора, трета и четврта брзина и сѐ уште бил од традиционалната десна страна.[1]
Рејт имал независна амортизација на спирални пружини напред, заснована на Пакард 120, додека назад сѐ уште користел полуелиптични лиснати пружини. Хидрауличните придушувачи напред биле регулирани од водилка и така степенот на пригушување варирал со брзината на автомобилот. Со тоа Рејт бил подобар од својот претходник 25/30 H.P. и на исто рамниште со Фантом III. Автомобилот сѐ уште се изработувал на засебна шасија, но сега таа се заварувала, наместо да се прицврстува со навртки како порано. Барабанските кочници биле со механичко серво, со погон патентиран од Хиспано-Суиза и изработуван од Ролс-Ројс под лиценца. Тркалата биле жичени со пречник од 43 cm, со тоа што жиците обично биле покриени со отстранливи дискови. Автомобилот имал вграден хидрауличен систем управуван од рачка под седиштата.
Автомобилот достигнувал брзина од 137 км/ч, но ова во голема мера зависело од тежината на автомобилот и стилот на каросерија. Според тест на списанието „The Motor“ во октомври 1938, автомобилот развивал 0-50 ми/ч (80 км/ч) за 16.4 секунди.
Во 1938 шасијата чинела £1100, а типичниот целосен автомобил чинел £1700 (околу £77,800[2] или €101,800 во 2007). Биле произведени 492 шасии.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.