From Wikipedia, the free encyclopedia
Роза Паркс (Таскаџи, Алабама, 4 февруари 1913 — Детроит, 24 октомври 2005 ) — афроамериканска активистка и позната личност во американското движење за граѓански права. Таа е позната поради нејзиното одбивање да му го отстапи на еден белец местотот во автобусот, со што дала силен поттик на борбата против сегрегацијата во САД.
Роза Паркс на почетокот на 1950-тите се вклучува во Американското движење за човекови права и работи како секретар за секцијата на Националната асоцијација за развој на обоените луѓе (NAACP) во Монтгомери, Алабама. На 1 декември 1955, во Монтгомери, таа одбива да се покори на наредбата на возачот на еден јавен автобус да се премести назад во автобусот за да направи дополнително место за белците. Роза веќе била уморна од нејзиното третирање како граѓанин од втор ред и останува доследна на своите ставови. Поради тоа е уапсена, судена и осудена за неприкладно однесување и за прекршување на локалните одлуки.
Следната ноќ, 50 водачи на црнечката заедница, на чело со дотогаш релативно непознатиот свештеник Мартин Лутер Кинг, се состануваат за да расправаат околу соодветните дејствија што треба да бидат преземени во врска со апсењето на Роза Паркс. Она што е усогласено било Бојкотот на автобусите во Монтгомери. Целата црнечка заедница цели 381 ден ги бојкотирала јавните автобуси. Десетици јавни автобуси стоеле со месеци без работа сè додека законот со кој се легализирала сегрегацијата во јавните автобуси не бил укинат. Овој настан помогнал за ширењето на многу други протести против сегрегацијата, а во 1956 случајот на Паркс конечно стигнал пред Врховниот суд кој одлучил дека сегрегираното возење со автобус е неуставно.
По овој настан, Паркс станува икона на движењето за граѓански права. Во раните 60-ти се преселува во Детроит, каде што работеше во штабот на претставникот Џон Кониерс (демократ од Мичиген) од 1965 до 1988.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.