американски писател From Wikipedia, the free encyclopedia
Роберт Ладлам (англиски: Robert Ludlum; 25 мај 1927 во Њујорк — 12 март 2001 ) — американски писател на 27 трилер романи. Бројот на неговите испечатени книги изнесува меѓу 290 милиони и 500 милиони копии.[2][3][4] Издадени се на 33 јазици во 40 земји, меѓу кои и на македонски јазик во Македонија од повеќе издавачки куќи. Ладлам, исто така, издавал книги и под псевдонимите Џонатан Рајдер и Мајкл Шепард.[5]
Ладлам се родил во Њујорк, како син на Маргарет (родена Вадсворт) и Џорџ Хартфорд Ладлам.[6] Родителите на мајка му биле од Англија.[7] Се образовал во Парохиското училиште, а потоа во Академијата Чешир и Универзитетот Веслијан во Милдтаун, Конектикат. Додека бил во Веслијан, Ладлам се приклучил на братството Алфа Делта Фи. Откако подоцна станал писател, Ладлам го сместил дејството на романот „Корзиканско писмо“ (Matlock Paper) во непосточеките Универзитет Карлајл во Конектикат, кој многу потсетувал на Веслијан.[8][9]
Пред да стане писател, бил американски маринец,[10] театарски глумец и продуцент. Неговото театарско искуство можеби придонело кон разбирањето на енергијата, бегството и акцијата која публиката ја посакува во роман. Еднаш забележал: „Ги сметам напнатоста и добриот театар на многу сличен начин. Мислам дека сите очекуваат што ќе се случи следно. Од таа гледна точка, да, претпоставувам, дека сум театрален“.[11] Многу од романите на Ладлам биле претворени во филмови и мали серијали, вклучувајќи ги Викендот на Остерман, Спогодбата на Холкрофт, Часовникот на апокалипсата, Борнеов идентитет, Борнеова надмоќ и Борнеов ултиматум. Пеколен фактор, книга пишувана заедно со Гејл Линдс, првично била планирано како мала серија. Филмовите за Борн, со Мет Дејмон во главната улога, биле успешни, но и поддржани од критикатаl (Борнеовиот ултиматум освоил три оскари во 2008 г.), иако приказната значително се разликувала од книгите.
Во текот на 1970-тите, Ладлам живеел во Лионија, Њу Џерси, каде поминувал часови пишувајќи ги книгите секој ден.[12]
Ладлам починал на 12 март 2001 година во неговиот дом во Нејплс, Флорида, додека се опоравувал од сериозни изгореници предизвикани од мистериозен пожар, кој се случил на 10 февруари истата година.[13][14][15]
Романите на Ладлам вообичаено вклучуваат еден машки протагонист или мала група поединци кои се борат против моќни противници, чии намери и мотиви се злобни и кои се способни да користат економски или политички средства на застрашувачки начини. Светот во неговите дела е претставен како свет во кој глобалните корпорации, тајните воени сили и владините агенции се обидуваат да ја заштитат (ако е добро) или да ја поткопаат (ако е лошо) моменталната состојба.
Ромените на Ладлам често биле поттикнувани од теориите на заговор, било историски било современи. Ја напишал Матарешки круг која била поттикната од гласините за Трилатералната комисија и била објавена само неколку години откако комисијата била основана. Неговиот опис за тероризмот во книги како Спогодбата на Холкрофт и Матарешки круг ја прикажуваат теоријата дека терористите, наместо изолирана група идеолошки мотивирани екстремисти, всушност се пиони на владите или приватни организации, кои ги користат за да овозможат воспоставување на авторитарно владеење.
По неговата смрт, книгите напишани од други писатели ја носат фразата Роберт ЛадламТМ на нивните корици, така назначувајќи дека името Роберт Ладлам како трговска марка. Името на вистинскиот писател било напишано на внатрешната страна на корицата.
Напишани од други писатели.
Некои романи на Ладлам се адаптирани во филмови или минисерии, иако приказната е малку сменета од самите романи. Општо земено, мини-сериите се поверни до оригиналниот роман на кои се засноваат, отколку филмовите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.