From Wikipedia, the free encyclopedia
Роберт Грин (роден на 14 мај 1959) е американски писател, познат по тоа што пишува книги со чија помош луѓето можат да си самопомогнат и да напредуваат во работата. Има напишано четири меѓународни бестселери: Концизни 48 закони на моќта, Концизна уметност на заведувањето, Концизни 33 стратегии за војување, и Педесеттиот закон (заедно со раперот 50 Cent).[1]
Роберт Грин | |
---|---|
Роден/а | 14. мај 1959.
Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Занимање | Писател |
Жанр | моќ, заводливост, стратегија |
Грин пораснал во Лос Анџелес, каде го посетувал универзитетот Беркли во Калифорнија пред да се стекне со бакалаварски степен по класични студии на универзитетот на Висконсин - Медисон.[2] Пред да се реши да стане писател, Грин сменил повеќе од 80 работи, меѓу кои градежник, преведувач, уредник во списанија, како и сценарист.[3] Во 1995 година, Грин работел како писател во „Фабрика,“ училиште за уметности, во Италија, и таму се запознал со книжарот Јуст Елферс.
Првата негова книга, Концизни 48 закони на моќта претставува еден практичен водич за секој кој има желба за моќ, кој ја набљудува моќта, или кој сака да се спротивстави на некаква моќ.[4] Книгата претставува еден вид на дестилација на моќта во последните 3.000 години од човечката историја и го опишува животот на стратези и историски личности како Николо Макијавели, Сун Цу, Карл фон Клаузевиц, Елизабета I, Хенри Кисинџер, и Финијас Барнум.[5][6] Секој закон си има свое поглавје, свои „расудувања,“ свои „клучеви“ и своја „слика“.
Концизни 48 закони на моќта е меѓународен бестселер и се има продадено во повеќе од 1.2 милиони примероци само во САД.[6] Многу познати рапери, претприемачи, славни личности и глумци, меѓу кои 50 Cent, Џеј-Зи, Кање Вест, Лудакрис, Крис Бош и Вил Смит ја уважуваат и многу ја ценат книгата.[1][3][6][7][8]
Втората книга на Грин, Концизна уметност на заведувањето, е издадена во 2004 година и на некој начин претставува како прирачник за најсуптилната и најефикасната форма на моќта - заведувањето.[9] Во книгата се опишани деветте видови на заведувачи и аспекти од привлекувањето, автентичноста, раскажувањето и преговарањето.[10][11] Грин зема примери од историски личности како Клеопатра, Казанова, Дјук Елингтон and Џон Ф. Кенеди и ја објаснува психологијата која се крие позади нивните начини на заведување.[12][13]
Концизна уметност на заведувањето се споменува и во книгата на Нил Строс- Играта, како една од книгите кои Строс ги препорачува за продирање во друштвото на заведувачи.[14] Од Концизна уметност на заведувањето се продале повеќе од 500.000 примероци.[15]
Концизни 33 стратегии за војување е третата книга на Грин и е објавена и издадена во 2007 година.[16] Книгата ги опишува секојдневните борби и борбената мудрост која лежи позади историски личности од типот на Наполеон Бонапарт, Сун Цу, Афлред Хичкок, Александар Македонски и Магарет Тачер.[17][18][19]
Од книгата се имаат продадено повеќе од 200.000 примероци.[15]
Педесеттиот закон е четвртата кнгиа на Грин и единствената која ја има напишано заедно со познатиот рапер 50 Cent. Педесеттиот закон е издадена во 2009 година.[20][21][22] Во книгата се опишани некои универзални закони за стратегијата и бестрашноста, дополнети со анегдоти до подемот на 50 Cent како музичар, како и лекции од некои историски личности како Абрахам Линколн, Сократ, Малком Екс, Мајлс Дејвис, Макијавели, Достоевски и Шарл Монтескје.[23][24][25]
Книгата стигна до петтото место на списокот на The New York Times.
Петтата книга на Грин, Мајсторство, излезе од печат на 13 ноември 2012 година.[26] Мајсторство ги опишува животите на некои историски, како и современи познати личности и се обидува да му ги долови на читателот оние работи кои им помогнале на патот до мајсторството во нивната професија.[27] Книгата е поделена на шест глави, и секоја се фокусира на суштинските лекции и стратегии кои следат по патот до мајсторството.[27][28][29][30]
Мајсторство стигна до шестото место на списокот на најпродавани книги според The New York Times.[26][28][30][31][32][33][34][35][36]
Грин живее во Лос Анџелес со својата девојка Ана Билер, која работи како режисер.[3] Грин течно зборува пет јазици и го изучува Зен Будизмот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.