From Wikipedia, the free encyclopedia
Референдум за независност на Шкотска — референдум одржан на 18 септември 2014 г. во Шкотска на кој се одлучувало дали земјата да биде независна држава.[1] Исходот од референдумот бил во полза на останување на земјата во состав на Обединетото Кралство, со 55,3% „против“ независност.[2]
Треба ли Шкотска да биде независна држава? | ||||||||||||||||||||||
Исход | ||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||
Резултати по управни области |
По договорот помеѓу владите на Шкотска и Обединетото Кралство,[3] законот за референдум за шкотска независност, кој го уредувал референдумот, бил донесен на 21 март 2013,[4] бил донесен од шкотскиот парламент на 14 ноември 2013 година и добил кралска согласност на 17 декември 2013 година.[5][6]
Прашањето за референдумот, како што било предложено од Изборната комисија, гласело „Треба ли Шкотска да биде независна држава?" — гласачите можеле да одговорат со „да“ или „не“.[7] Со некои исклучоци, сите жители на Шкотска над 16 години можеле да гласаат, претставувајќи над 4 милиони гласачи. Одлучувањето било со просто мнозинство. Во текот на кампањата се разгледувале разни проблематики, вклучувајќи која валута ќе ја користи Шкотска, јавните трошоци и нафтата од Северното Море.[8]
Една недела пред референдумот, водачите на трите главни партии во Велика Британија објавиле заедничка изјава пред нивното патување за референдумот во Шкотска. Премиерот Дејвид Камерон исто така го подигнал шкотското знаме над Даунинг Стрит и други владини згради до датумот на референдумот.[9] Последните покажувале дека мислењата се горе-долу изедначени, но со извесен број неопределени, кои придонеле за исходот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.