Хуманизам и ренесанса
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хуманизам и ренесанса (или ренесансен хуманизам) се смета за едно од најзначајните културни движења и епохи во историјата на човештвото.[1] Се појавува во текот на 14 век и почетокот на 15 век. Енгелс рекол:
Хуманизмот и ренесансата како културно движење се директно продолжување на античката епоха, а феудализмот, мрачниот период ја прекинал таа врска. Приврзаниците на ова толкување велат дека античката култура по долга заборавеност повторно блеснала, повторно била вратена во живот. Самиот збор ренесанса на француски јазик значи „се преродувам, се раѓам“, па затоа оваа епоха е преродба на уметноста и културата. Појавата на хуманизмот и ренесансата треба да се сфати како епоха во која човекот доживеал огромно менување во сите подрачја.
Најистакнатите претставници на ренесансата менувањето го гледале во следново: Франсоа Рабле - обновата ја гледал во книжевноста; Леонардо Вала - во науката; Жоржо Вазали - во сликарството; Макијавели - во политиката. Новини има на сите подрачја. Човекот ослободен од дотогашните стеги, станал автор на епохални откритија кои и денес имаат големо значење. Долга е редицата на тие триумфи: пронаоѓање на печатницата, учењата на Коперник, достигнувањата на Данте, Бокачо, Петрарка во литературата, откривањето на Америка, доаѓањето на Васко де Гама во Индија, првото обиколување на Земјата од Магелан, и др.
Тоа е времето кога започнува интересот за латинскиот јазик, а со тоа доаѓаме и до една недемократична одлика на хуманизмот и ренесансата: образованите намерно го употребувале латинскиот јазик за да се разликуваат од народните маси.
Хуманизмот и ренесансата имаат географско ограничување. Движењето се развива во Италија, и се шири во Франција, Шпанија, Англија, Полска, Холандија и Дубровник, но не ги зафаќа другите земји. Многу од европските народи не ги вкусија плодовите на хуманизмот и ренесансата и останаа во средновековната темнина.
Наместо средновековното запоставување на животот, ренесансата протежирала уживање во животот. Идеалниот човек треба да биде благороден и слободен, својот дух да го облагородува со виталната моќ на старата антика, да стане сестран човек, да биде универзален. Треба да биде во центарот на настаните, а не повлечен како дотогаш. Ренесансниот човек треба да е градител на својата судбина и ковач на својата среќа. Се ѕидаат импозантни дворци, украсени со орнаменти, скулптури и мебел. Се организираат раскошни гозби и свечености, се покажува богатството. Богатите аристократи се појавуваат како финансиери на уметноста и науката, во улога на т.н. мецени. Најпознат во тоа време бил фирентинскиот мецена кнезот Лоренцо де Медичи, кој и самиот пишувал песни.
Кон крајот на 16 век веќе ова движење е многу слабо. Почнал да се губи оној восхит од животот, а творечкиот елан се преполовил. Се јавува ново движење, како реакција на католицизмот, при што реформаторите настојуваат да си ги повратат загубените позиции меѓу народот. Почнуваат да горат кладите низ Италија, Шпанија и Франција. Книгите се повторно забранети.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.