Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Според Светската база на податоци, 38,8% од населението на Албанија се муслимани (30% сунитски муслимани, 8% Бекташи), 22% од населението се православни и 13% Римокатолици.[1][2][3][4][5] Сепак, голем дел од Албанците се или атеисти или агностици. Според податоците на Меѓународната Верска Слобода од 2007 година: "Не постојат сигурни податоци за вкунпниот нивни процент, но се смета дека истиот се движи од 25-40 проценти.", оставајќи го 60-75% од населението не-религиозно.[6][7][8][9]
Верници во Албанија | ||||
---|---|---|---|---|
Mуслимани | 38 % | |||
Православни | 22 % | |||
Римокатолици | 13 % | |||
Други или атеисти околу | 30 % |
Во времето кога Албанија била дел од Османлиското Царство, поголемиот дел од населението го сочинувале муслимани. Со прогласувањето на независност во 1912 година од Осанлиската империја, верскиот идентитет во Албанија постојано до денес се менувал. Ова најмногу се должи на комунистичкиот режим од 1944 до 1991, кога режимот на Енвер Хоџа ја прогласи државата за атеистичка, како единствена во светот. По падот на комунизмот во 1991 година, во Албанија се зголемил бројот на христијаните. Римокатоличката црква има свое претставништво во градот Скадар. Од друга страна постојат и голем број на џамии, како една од најпознатите е џамијата во Драч.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.