Распределба на доходот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Распределба на доходот — економски поим којшто покажува како вкупниот доход на земјата (БДП) е распределен меѓу поединците.[1]
Распределбата на доходот од работата меѓу поединците зависи од голем број фактори, како што се:[2]
Во продолжение, распределбата на доходот зависи и од тоа како е распределен доходот од имотот (доходот од штедењето и од наследениот имот), а оваа распределба е определена од поголем број економски (стапката на пораст на платите, каматната стапка, стапката на успешни и неуспешни инвестиции, стапката на пораст на доходот итн.) и демографски фактори (стапките на раѓање и на смртност, старосната структура на населението, големината на семејството итн.), како и од напредокот во образованието и медицината.[3]
Распределбата на доходот во рамките на една земја се мери со помош на Лоренцовата крива која на хоризонталната оска ги прикажува кумулативните проценти на примателите на доходот, подредени од оние со најнизок до оние со највисок доход, а нивните кумулативни проценти на доходот се прикажани на веритакалната оска. Ако сите луѓе примаат еднаков доход, Лоренцовата крива ќе биде претставена како права, дијагонална линија (линија под агол од 45 степени) и таа означува совршена еднаквост во распределбата на доходот. Коефициентот на нееднаквоста се мери така што површината меѓу Лоренцовата крива и дијагоналната линија ќе се подели со површината под дијагоналната линија. Максималната вредност на оваа површина изнесува еден (состојба на максимална нееднаквост во која еден човек го зема целиот доход, а сите други луѓе не остваруваат никаков доход), а минималната вредност е еднаква на нула (сите луѓе заработуваат еднаков доход).[4] Математички, Лоренцовата крива е претставена со помош на функцијата qi = f(pi), каде: pi е кумулативниот процент на луѓето кои остваруваат доход помал од mi, а кумулативниот доход на тие луѓе е еднаков на qi. Тогаш, површината под Лоренцовата крива е днаква на: 1/2 Σ(qi + qi-1)ri, каде ri е процентот на луѓето кои се наоѓаат во доходната класа i. Ако претпоставиме правоаголна распределба на доходот, површината под Лоренцовата крива е еднаква на b+2a⁄3(b+a), а коефициентот на нееднаквоста е еднаков на b-a⁄3(b+a).[5]
Исто така, една од најчестите мерки на нееднаквоста во распределбата на доходот е коефициентот ЏИНИ (GINI). Според дефиницијата на Светската банка, индексот ЏИНИ е мерка за доходната нееднаквост која покажува во колкав степен распределбата на доходот или потрошувачката помеѓу поединците или домаќинствата во земјата отстапува од еднаквата распределба. Вредностите на овој индекс се движат во интервалот од 0 до 100, при што нулата ја претставува совршената еднаквост, додека вредноста од 100 ја претставува совршената нееднаквост, кога целиот доход во општеството е концентриран кај еден поединец или едно домаќинство.[6]
Табела бр. 1: Коефициентот ЏИНИ во одбрани земји од Средна и Источна Европа 2014[6]
Земја | ЏИНИ |
---|---|
Бугарија | 37% |
Хрватска | 32% |
Унгарија | 31% |
Латвија | 35% |
Литванија | 38% |
Естонија | 32% |
Романија | 28% |
Словенија | 26% |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.