Remove ads

Расеан елемент (елемент во траги, микроелемент[1] или олигоелемент) — хемиски елемент чија концентрација e многу ниска. Се делат на две групи: суштински и несуштински. Суштинските расеани елементи се неопходни за физиолошките и биохемиските процеси во растенијата и животните. Покрај нивната улога во биолошките процеси, овие елементи служат како катализатори за оксидација и редукција.[2]

Точната дефиниција на расеаните елементи зависи од научното поле:

  • Во аналитичката хемија, расеан е оној елемент чија просечна концентрација е помала од една илјадинка според бројот н аатоми или под 100 микрограми на грам.
  • Во биохемијата, суштинскиот расеан елемент (микроелемент) е прехранбен елемент кој е потребен во крајно мали количества за правилен раст, развој и физиологија на организмот, од суштинско значење за матаболичките функции на организмот.[3].[4] Примери за суштински микроелементи кај животните се Fe (хемоглобин), Cu (дишни пигменти), Co (витамин Б12), Mn и Zn (ензими).[4] Некои примери за човековото тело се кобалтот, бакарот, флуорот, јодот, железото, манганот и цинкот.[5] Иако се суштински, истите стануваат токсични во големи количини. Елементите како Ag, As, Cd, Cr, Hg, Pb и Sn немаат биолошка фунција, а токсични се дури и во мали количества.[4]
  • Во геохемијата, расеан елемент е оној чија концентрација е помала од 0,1 % од составот на карпата. Поимот наоѓа примена главно во петрологијата на магматските карпи. Расеаните елементи се складни со течна или со цврста состојба. Ако се складни со минерал, елементот ќе биде придружен во цврста состојба (на пр. складноста на никелот со оливинот). Ако е нескладен со ниедна постоечка минерална состојба, тој ќе остане во течната магматска состоба. Овој сооднос се изразува со коефициент на поделба. Расеаните елементи можат да се ги заменат вмрежувачките јони во минералните структури. Оние кои не се суштински за составот на определенот минерал нема да се јават во хемиската формула на тој минерал.
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads