Ралф Коупленд

британски астроном From Wikipedia, the free encyclopedia

Ралф Коупленд

Ралф Коупленд (англиски: Ralph Copeland; 3 септември 1837 27 октомври 1905 ) — англиски астроном и трет носител на звањето „Кралски астроном за Шкотска“.[1][2]

Кратки факти Ралф Коупленд, Роден(а) ...
Ралф Коупленд
Ralph Copeland
Thumb
Роден(а)3 септември 1837(1837-09-03)
кај Вудпламптон, Ланкашир, Англија
Починал(а)27 октомври 1905(1905-10-27) (возр. 68)
Единбург, Шкотска
НационалностАнгличанец
Занимањеастроном
Познат(а) покралски астроном за Шкотска
Значајни делаоткрил 35 NGC-тела
СопружникСузана Милнер (в. 1859),
Теодора Бенфи (в. 1871)
Деца6
Затвори

Живот

Коупленд е роден на фармата Мурсајд близу селото Вудпламптон во Ланкашир, Англија, во семејството на ситниот земјопоседник Роберт Коупленд и сопругата Елизабет Милнер. Се школувал во Киркамската гимназија.[3] Провел пет години во Австралија каде му се побудил интересот за астрономија. Се вратил во 1858 г. со намера да стане инженер.[1][2]

Со желба да се занимава со астрономија, Коупленд изградил мала опсерваторија, се откажал од инженерството, а потоа заминал за Германија за да студира астрономија на Гетингенскиот универзитет. Кога се вратил во Англија и почнал да работи во служба на Вилијам Парсонс, Коупленд со себе донел германски методи во астрономијата. Подоцна назначил многу германски астрономи кеко негови помошници, меѓу кои и Озвалд Лозе.

Работел во опсерваторијата „Дан Ехт“ во сопственост на ерлот од Крофорд. Често патувал на светски експедиции, и во 1874 и 1882 г. ги набљудувал премините на Венера од Маврициус и Јамајка. Вршел астрономски набљудувања и од Гренланд.[1][2]

Во 1889 г. Коупленд бил назначен за Кралски астроном за Шкотска. Со оваа функција, прво работел во опсерваторијата „Калтон Хил“ во Единбург. Добил задача да избере место за нова опсерваторија, и се решил за ридот Блекфорд во Единбург. Неговиот поранешен работодавач Лордор Крофорд ја подарил астрономската збирка од Дан Ехт на новата опсерваторија, отворена вво 1896 г.

Бил избран за член на Кралското друштво во Единбург во 1889 г. по предлог на Џон Мекларен, Александар Форбс Ервајн, Александар Бјукан и Питер Тејт. Бил потпретседател на друштвото од 1892 до 1896 и од 1898 до 1903 г.[3]

Коупленд открил 35 NGC-тела, од кои највеќето со 72-инчниот рефлектор на Парсонс, Лордот Рос. Користејќи визуелна спектроскопија нашол планетарни маглини во „Дан Ехт“ и на експедиција на Андите. Седум од галаксиите во соѕвездието Лав го сочинуваат познатиот Коуплендов Септет: NGC 3745, 3746, 3748, 3750, 3751, 3753 и 3754.

Се женел двапати. Првпат во 1859 г. со Сузана Милнер, а во 1871 г. со Теодора Бенфи (1847–1937). Имал шест деца, меѓу кои Фани Сузан Коупленд, јазичарка и новинарка на југословенските простори. Живееле до опсерваторијата „Блекфорд Хил“.[4]

Покрај англискиот, течно говорел француски, германски и персиски.

Починал во Единбург на 27 октомври 1905 г. Погребан е на тамошните градски гробишта „Морнингсајд“.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.