Радио Канал77 започнува со својата работа на 4 октомври 1991 година, симболично кога на истиот датум 1957 беше лансиран првиот вештачки сателит Спутник. По неколку месечно емитување на експериментална програма, во Штип, Канал77 официјално почна со емитување на сопствена програма. Сè до 1995 година, Канал 77 работи како локално радио, кога во периодот од 1995—1997 година се гради мрежа за покривање на источниот дел од Македонија, со цел подоцна радиото да има национално покритие. Во 1997 година со усвојувањето на Законот за радиодифузија, Канал 77 станува првиот национален концесионер. Паралелно со развојот на Канал 77 се зголемуваа потребите од адекватен простор и негово проширување. Денес радиото работи од Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип и студио во Скопје. Двете студија се меѓусебно поврзани со VPN врска, виртуелна интернет мрежа и Centrex телефонија, што овозможува да се емитува програмата од двете студија на национално и регионално ниво, поединечно или заедно. Канал 77 важи за независна бродкастинг мрежа која покрива 100% од територијата на Македонија и 100% од популацијата со распространување на сигналот преку 21 трансмитери и 9 врски.
Програма
Радио Канал 77 има програма од информативен карактер. Во 25 годишното постоење на Канал 77, таа програма постојано се подобрува и развива, така што денес има 155 минути дневно вести распоредени во текот на целиот ден, започнувајќи од 7 часот наутро до 24 часот навечер.
Во информативната програма се застапени различни теми, од политика и економија до култура и спорт, како и реемитување на вести од Радио Слободна Европа (Radio Free Europe).[се бара извор] Начелата на Канал 77 се брзо и навремено информирање на слушателите, разнообразност во програмата, како и објективност и непристрасност кон изборот на настаните на денот. Програмската шема на радио Канал 77 вклучува продукција и емитување на програма од економската, политичката, социјалната, музичката и спортската област, програма од некомерцијален карактер, контактни и забавни емисии. Оттука, Радио Канал 77 е единствено радио во Македонија специјализирано за вести и информативна програма. Една од најслушаните емисии со политичко-контактен карактер е емисијата Стадион, во која слушателите отворено ги презентираат своите ставови за одредени прашања. [се бара извор]
Овој начин на пристап досега за Канал 77 се покажал успешен и тоа се гледа од истражувањата спроведени од агенции како Strategic marketing, IRI, Совет за радиодифузија и др. Во 2008, бројот на слушатели на вести и радио рапорти (вести со должина од 3 минути на секој половина час) е зголемен за 25-30% во споредба со 2004. Според истражувањата на јавното мислење спроведени од SMMRI, Brima Galup и Idea International, Радио Канал 77 има најдобар рејтинг помеѓу слушателите и е број еден информативно радио во Македонија.[се бара извор] Едно издание на вести на Канал 77 во просек има околу 110.000 слушатели што е еквивалетно на 10% од популацијата во секој момент.[се бара извор]
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.