From Wikipedia, the free encyclopedia
Радерфордов модел — модел на атомот осмислен од страна на Ернест Радерфорд. Радерфорд го водел познатиот Гајгер-Марсденов експеримент во 1909 кој предложил, по радерфордовите анализи во 1911, дека Џ. Џ. Томсоновиот таканаречен "Томсонов модел на атомот" бил погрешен. Новиот модел на Радерфорд [1] за атомот, заснован врз основа од експериментални резултати, содржел нови одлики од релативно високи централни полнежи концентрирани во многу мал волумен во компарација со останатиот дел од атомот и со овој централен волумен кој го содржи поголемиот дел од атомската маса на атомот. Овој дел ќе биде преименуван во "јадро" на атомот во подоцнежните години.
Радерфорд го поништил томсоновиот модел на атомот во 1911 со неговиот добро познат експеримент со златна фолија во кој тој демонстрирал дека атомот има мало, тешко јадро. Радерфорд дизајнирал експеримент со кој ги користел алфа-честичките емитирани од радиоактивен елемент како сонди за невидениот свет на атомската структура.
Радерфорд претставил свој физички модел за субатомската структура, како толкување за неочекуваните експериментални резултати. Во него, атомот се состои од централен полнеж (ова е модерното атомско јадро, макар Радерфорд не го користел терминот "јадро" во неговиот труд) опкружен со облак од (веројатно) орбитирачки електрони. Во овој труд од 1911, Радерфорд се обврзува само за мал централен дел со висок позитивен или негативен полнеж на атомот.
За конкретност, земи го предвид преминот на α честичка со висока брзина преку атом кој има позитивен централен полнеж N e, и е опкружен со компензирачки полнеж од N електрони.[2]
Од чисти енергечни аспекти за тоа колку честичките со позната брзина можат да пенетрираат кон централниот полнеж од 100 e, Радерфорд пресметал дека полупречникот на неговиот златен централен полнеж би требал да биде (колку помал не може да се каже) помал 3.4 x 10−14 метри. Ова е за атом од злато за кој е познато дека е 10−10 метри или толку во полупречник—многу изненадувачко откритие, како што е имплицирано дека силниот централен полнеж е помал од 1/3000ка од пречникот на атомот.
Радерфордовиот модел на атомот служел да се концентрира голем дел од полнежот и масата на атомот на многу мало јадро, но не припишувал никакви структури на останатите електрони и останатата атомска маса. Спомнат бил и атомскиот модел на Хантаро Нагаока, во кој електроните се наредени во еден или повеќе прстени, со специфична метаморфична структура како кај стабилните прстени на Сатурн. Томсоновиот модел на атомот на Џ. Џ. Томсон исто така имал прстени со орбитирачки електрони. Жан Батист Перен тврдел во неговото Нобелово Предавање [3] дека тој бил првиот кој го предложил моделот во неговиот труд во 1901.
Радерфордовиот труд предложил дека централниот полнеж на атомот може да биде "пропорционален" со неговата атомска маса во единицата за водородната маса u (околу 1/2 од него, во Радерфордовиот модел). За злато, овој масен број е 197 (тогаш не се знаела точноста) и затоа беше моделиран од Радерфорд за да биде евентуално 196 u. Сепак, Радерфорд не пробал да направи директна врска со централниот полнеж со to make the direct connection of central charge to атомскиот број, затоа што "атомскиот број" на златото (во тоа време едвај имал реден број во периодениот систем на елементите) бил 79, и Радерфорд го моделирал полнежот да биде околу + 100 единици (тој всушност предложил 98 единици со позитивен полнеж, да се направи половина од 196). Така, Радерфорд не ги предложил формално двата броја (местото во периоднот систем, 79, и јадрениот полнеж, 98 или 100) кои можеле да бидат исти.
Еден месец по појавувањето на Радерфордовиот труд, предлогот во однос со истиот идентитет на атомскиот број и јадрен полнеж бил направен од страна на Антониус Ван ден Брук, а подоцна бил докажан експериментално во рок од две години, од Хенри Мозли.
По откритието на Радерфорд, научниците почнале да забележуваат дека атомот на крајна линија не е само една честичка, туку е составена од многу помали субатомски честички. Последователни истражувања ја детерминираат истата атомска структура која довела до радерфордовиот експеримент со златна фолија. Научниците евентуално откриле дека атомите имаат јадро со позитивен полнеж (со точен атомски број на полнежи) во центарот, со полупречник околку 1.2 x 10−15 метри x [Атомскиот масен број]1/3. Електроните биле откриени дека се дури и помали.
Подоцна, научниците го откриле очекуваниот број на електрони (истиот број како атомскиот) во атом користејќи рендгенски зраци. Кога рендгенски зраци поминува преку атомот, некои од зраците се расејуваат додека останатите поминуваат преку атомот. Бидејќи рендгенските зраци го губат својот интензитет пред сè поради расејувањето заради електроните, со забележување на намалената честота во интензитетот на рендгенските зраци, бројот на електрони содржан во атом може точно да се определи.
Погледнете Боров модел на атом, кој се однесува за делот подолу.
Радерфордовиот модел на атомот се настроил кон идејата дека има многу електрони во прстени, по Нагаока. Но сепак, Нилс Бор го модифицирал овој поглед во слика со неколку планети-како електорни за лесни атоми, Радерфорд-Боровиот модел ја фатил имагинацијата на јавноста. Оттогаш постојано се користел како симбол за атоми па дури и за "атомска" енергија (иако ова е посоодветно сметано за јадрена енергија). Примери за неговата употреба во текот на минатиот век се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.