Раборци — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Раборци | |
Поглед кон селото | |
Координати 41°23′49″N 22°36′0″E | |
Општина | Струмица |
Население | 77 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 27052 |
Надм. вис. | 370 м |
Слава | Свети Кирил и Методиј |
Раборци на општинската карта Атарот на Раборци во рамките на општината | |
Раборци на Ризницата |
Раборци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри.
Надморската височина во селото е 370 метри а површината на селото изнесува 419 ха.
Селото се граничи со Костурино, Чепели, Попчево, Три Води, Струмица.
Во текот на Втората светска војна, селото претрпило голема штета. По крајот на војната започнала изградбата на селото Раборци изгорено во 1944 година од Германците и веќе во 1945 година населението од ова село било сместено во нови домови.
Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 18 ха[2].
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 105 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 77 жители, од кои 64 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 11 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 80 | 80 | 80 | 98 | 131 | 155 | 130 | 109 | 112 | 105 | 77 |
Во селото постои избирачкото место бр. 1835 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Три Води.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.[11]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 90 гласачи.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.