вид птица From Wikipedia, the free encyclopedia
Пчелесто колибри (науч. Mellisuga helenae) — вид од семејството на колибријата (Trochilidae) и најмала птица во светот.[1][2]
Пчелесто колибри | |
---|---|
Мажјак (младенче) | |
Женка во лет | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Пиштарковидни |
Семејство: | Колибрија |
Род: | Пчелести колибрија |
Вид: | Пчелесто колибри |
Научен назив | |
Mellisuga helenae (Lembeye, 1850) | |
Како најмала птица, ова колибри е мошне лесно. Женката тежи 2,6 г и долга е околу 6,1 см и е малку поголема од мажјакот, чија просечна тежина изнесува 1,95 г и има должина од 5,5 см.[3] Како што укажува самото име, птицата има слична големина на пчела. Како и сите колибрија, птицата е силен и спретен летач.
Мажјакот има зелена глава и црвено грло, гуша со прелеани бои и издолжено странично перје, сино во горните делови, додека статокот од подолните делови е претежно сивобел.[1][4] Женкатае нешто поголема. Таа е зелена горе, а белузлава долу, со бели врвови на опашните пердуви. Во споредба со другите мали колибрија, кои се тенки, пчелестото колибри има заоблен и набиен изглед.
Женките се синозелени со светлосива долна страна. Врвовите на опашката се просеани со бели точки. Во парната сезона, главата и грлото на мажјаците стануваат црвеникаво-розови. Женката несе по две јајца, секое со големина на зрно грашок.[1]
Силните прелеани бои на перјето на пчелестото колибри му дава изглед на скапоцен камен. Прелевањето не е секогаш забележливо, туку зависи од аголот на гледање. Тенкиот клун е приспособен за достигање на нектарот длабоко во цветовите, но птицата понекогаш јаде инсекти или пајаци, грабнувајќи ги со јазикот кој го испружува и вовлекува со голема брзина. Хранејќи се, птицата нафаќа полен на клунот и главата, пренесувајќи го на другите растенија кога лета од цвет на цвет. На овој начин, колибрито игра важна улога во размножувањето на растенијата. Во текот на еден ден, птицата може да посети до 1.500 цветови.[5]
Женката гради гнездо користејќи парчиња од пајажина, кора од дрва и лишаи, постелувајќи го со меки растителни влакна. Гнездото има облик на шолја, но со пречник од само 2,5 см. Квачењето и одгледувањето на младите го врши сама.
Се смета дека пчелестото колибри посетува до 10 видови растенија, од кои девет се ендемски во Куба. Тие се Hamelia patens (сем. бросови), Chrysobalanus icaco (сем. златосливи), Pavonia paludicola (сем. слезови), Forsteronia corymbosa (сем. кучешки чемери), Lysiloma latisiliquum (сем. мимози), Turnera ulmifolia (сем. часовничиња), Antigonon leptopus (сем. троскоти), Clerodendrum aculeatum (сем. врбинки), Tournefortia hirsutissima (сем. лисичинки), and Cissus obovata (сем. лози).[6]
Оваа птица е ендемски вид, и живее на целиот архипелаг на Куба, вклучувајќи го Островот на Младоста (Хувентуд) во Западните Инди.[3] Живее претежно на стрмните ридишта (моготе)[7], а поретко се среќава на Плаја Ларга кај мочуриштето Сапата,[8] и во западна Куба.[6]
Пчелестото колибри се размножува од март до јуни и полага по 2 јајца.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.