Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пружина[1] или федер[2] – машински елемент кој се користи за остварување еластични споеви. Под дејство на сила доаѓа до деформација на пружината, а по престанување на делувањето на сила се враќа во првобитната положба.
Намената на пружините е многу разнолика. Може да служат за привремено складирање (акумулација) на механичка енергија, за ублажување на удари (амортизер), за мерење сила, итн.
Според начинот на делување на товарот се делат на флексиони (адаптирани за виткање) и торзиони (адаптирани за усукување).
Во флексиони спаѓаат: прости лиснати пружини, спирални, завојни и чиниести пружини. Во торзиони спаѓаат затезни, притисни и полжавести пружини.
Повеќето пружини кои не се растегнати или стиснати преку границата на еластичност (приближно) го следат Хуковиот закон, па така при пресметките се смета дека силата со која пружината му се спротивставува на притисокот е линеарно пропорционална на промената на должината на пружината:
каде
Пружините во облик на спирали и другите чести облици главно го почитуваат Хуковиот закон. Кај некои видови, особено при виткање, силите се нелинеарни и не важи Хуковиот закон.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.