библиска книга From Wikipedia, the free encyclopedia
Проповедник (Еклизијаст) — книга од Стариот завет.
Проповедникот, цар на Ерусалим и потомок на царот Давид, размислува за смислата на животот. Тој кажува дека сѐ е суета, вклучително и човечката мудрост, знаењето е страдање и мака, а животните наслади се безвредни, зашто ништо не е вечно бидејќи на крајот секој човек, мудар или глупав, мора да умре. Исто така, ниту човечките дела не се трајни, а нема смисла ни натрупувањето на имотот и богатството, па затоа човекот треба да ужива во својот живот, зашто со смртта сѐ исчезнува неповратно и засекогаш. Човекот не може да го сфати светот и поради тоа треба да се плаши од Бога зашто тој ќе им суди на сите.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.