From Wikipedia, the free encyclopedia
Променлива величина — својство на физичките или апстрактните системи која може да го менува своето значење. Значењето може да се менува во зависност од контекстот во кој се разгледува дадениот систем или во зависност од тоа за каков конкретен систем станува збор. Концептот за променливата нашироко се користи во областите како математика, природни науки и техника. Како примери за променливи величини можат да послужат растот на детето, температурата на воздухот, параметарот на функцијата и многу други. Во поширока смисла, променливата се одликува со мноштво на вредности кои таа може да ги прими.
Во физиката, променлива претставува некој атрибут на моделот на даден реален физички процес кој прима количествени вредности, физичка величина. Мноштвото вредности кои може да ги прими конкретната променлива се определуваат од физичките услови. Физичките променливи се поврзуваат една со друга преку физички закони, поради што се добиваат математички модели со различен степен на сложеност. Променливите во физиката, по правило, покрај со количествени вредности, се одликуваат и со димензионалност.
Во математиката, под променлива се подразбира величина која се одликува со множество на вредности кои таа може да ги прими.[1] Притоа можат да се имаат предвид како реални физички величини, временски набљудувани, вон својот физички контекст, така и некои апстрактни величини кои немаат никакви аналози во реалниот свет. Во математичката анализа и повеќето сродни гранки на математиката, под „променлива“ обично се подразбира бројна величина чие множество на примени вредности е вклучено во множеството на реалните броеви.
Множеството од сите вредности кои може да ги прими дадена променлива се нарекува област на менување на таа променлива. Ова множество и ја задава променливата, т.е. тоа формално ја претставува променливата.
При моделирањето, неопходно е да се разликуваат променливите од параметрите, без оглед на тоа што променливата во еден контекст може да биде параметар, а во друг — не.
Во применетата статистика, променливата е проценувачки фактор или одлика, или поединечен или системски атрибут. Со други зборови, таа е нешто, за кое се очекува да се промени во текот на времето или меѓу одделни интервали.
Треба да се забележи дека по аналоген начин се означуваат непознатите во равенките, неравенките и другите слични задачи. На пример, . Во овој случај, пред нас немаме променлива, иако поимите се многу слични и зависат од контекстот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.