From Wikipedia, the free encyclopedia
„Пристапни обреди“ (англиски: Rites of Passage) — роман на британскиот писател Вилијам Голдинг од 1980 година.
Во 1980 година, романот ја освоил „Букеровата награда“, најпрестижната британска книжевна награда. Со својата повеќезначност, сложена структура и преку спојувањето на митот и реалноста, книгата ја истражува врската меѓу човекот и заедницата. Сместувајќи го дејството на осамен брод среде океанот, авторот ги испитува исконските нагони на поединецот, смело навлегувајќи во неговите настрашни и најмрачни понори. „Тајмс“ го оценил романот како „нужно дело, провокативно, неодложно, богато, комплексно и ретко“, додека „Обзервер“ го оценил како „исклучителен роман... што длабоко трогнува, истовремено предизвикувајќи огромно задоволство“.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.