Преображдија (Селце)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Преображдијаархеолошко наоѓалиште во крушевското село Селце. Претставува старохристијанска базилика и средновековна црква. Се наоѓа западно од селото на граница со атарот на Арилево, на околу 15 км северозападно од Крушево, на јужните падини на Бушева Планина, на ридот Голоманица (кота 1.664), каде има зарамнето плато кое благо се спушта од исток кон запад, со извонреден поглед кон Прилепско Поле. Во минато овде биле видливи темели на црква, на кои луѓето од околните населени места ги посетувале на денот на Светото Преображение.[1] Во 1984 година црковниот одбор од Крушево, преземајќи акција за изградба на нова црква, при расчистувањето на теренот открил темели од еднокорабна црква. Во 1987 година, при копањето на земја, на длабочина од 0,20 м се откриени темели од поголема црква. Во текот на јули 1988 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Скопје извршил заштитни истражувања при што е откриена голема трикорабна базилика во чиј централен кораб била подигната помала еднокорабна црква.[2] Денес тука е подигнат голем манастирски комплекс од страна на македонската музичка легенда Тоше Проески.

Повеќе информации Основни податоци ...
Преображдија

Местоположба 41°25′09″N 21°15′11″E
Основни податоци
МестоСелце
ОпштинаКрушево
Тип

 базилика  црква


Период старохристијанско време
среден век
Портал „Археологија“
Затвори

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.