Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Потсдамската конференција (германски: Potsdamer Konferenz) се одржала од 17 јули до 2 август 1945 во Потсдам, Германија, а нејзина главна цел била трите главни челници на сојузничките сили во Втората светска војна да го испланираат повоениот мир, а притоа да се избегнaт грешките од Париската мировна конференција од 1919 година. На конференцијата учествувале Советскиот Сојуз, Обединетото Кралство и САД, а биле претставени (соодветно) од генералниот секретар Јосиф Сталин, премиерите Винстон Черчил и Клемент Атли и претседателот Хари Труман. Се собрале да одлучат како да управуваат со Германија, која девет недели претходно безусловно капитулирала. На конференцијата требало да се воспостави новиот светски повоен поредок, да се надминат спорните прашања од мировниот договор и да се одредат начини за надминување на негативните ефекти од војната.
Од 17 јули до 25 јули биле одржани девет состаноци, а потоа Конференцијата била прекината на два дена, додека се чекало да се објават резултатите од британските општи избори. На изборите Етли го победил Черчил и го заменил како претставник на Велика Британија. За време на Конференцијата, Труман бил тајно бил информиран дека пробата на првата атомска бомба (Тринити) завршила успешно на 16 јули. Тој на Сталин му навестил дека САД ќе употребат нов вид оружје против Јапонците. Иако ова бил првпат официјално да им се дадат информации на Советите за атомската бомба, Сталин веќе знаел за проектот преку информациите прибрани со шпионажа.[2]
Клучните одлуки на оваа конференција се: Германија да биде поделена на четири окупациски зони (меѓу трите сили и Франција); Германската граница требало да се помести на запад кон линијата Одер-Најсе; како легитимна влада на Полска се признава групата поддржана од Советскиот Сојуз; а Виетнам требало да биде поделен кај 16-та паралела. Советите го потврдиле своето ветување од Јалта дека веднаш ќе започнат инвазија на областите под контрола на Јапонија.[3]
Биле разменети мислења и за многу други прашања. Сепак, разгледувањето на тие прашања било ставено во надлежност на Советот на министри за надворешни работи, кој бил формиран на оваа конференција. Конференцијата завршила со зближивање меѓу трите влади како последица на нивната соработка, што ја обновила довербата дека заедно со другите Обединети нации ќе овозможат праведен и траен мир. Сепак, за 18 месеци односите се влошиле и започнала Студената војна.[4][5]
Во периодот од пет месеци од Конференцијата на Јалта до Потсдамската конференција се случиле многу промени кои влијаеле на односите меѓу лидерите. Советите ја окупирале Средна и Источна Европа, а Црвената армија ги контролирала и балтичките држави, Полска, Чехословачка, Унгарија, Бугарија и Романија. Сталин формирал марионетска комунистичка влада во Полска, инсистирал на тоа дека неговата контрола врз Источна Европа е одбранбена мерка против можни идни напади и тврдел дека тоа е легитимна сфера на советско влијание.[6]
Винстон Черчил, кој поголемиот дел од војната бил британски премиер, за време на конференцијата бил сменет откако Клемент Атли станал нов премиер.
Рузвелт умрел на 12 април 1945 година, а американскиот потпретседател Хари Труман го презел претседателството. Тој посведочил на Денот на победата во Европа и еден месец подоцна на Денот на победата над Јапонија. За време на војната, за да го зачува единството меѓу сојузниците, Рузвелт ги отфрлил предупредувањата за потенцијална доминација на Сталин над делови од Европа.[7]
Труман внимателно го следел напредувањето на сојузниците во војната. По крајот на војната, приоритетот за единство меѓу сојузниците бил засенет од предизвикот на односите меѓу двете нови велесили.[8] Меѓу нив се јавил сомнеж и недоверба.[9]
Труман, за разлика од Рузвелт бил многу посомничав кон Советите и за намерите на Сталин.[8] Труман советските дејствија во Источна Европа ги сметал за агресивен експанзионизам, и кој не соодветствувал со договорите кои Сталин ги потпишал во февруари на Јалта.
Сталин се спротивставил на предлогот на Черчил за повлекување на сојузниците од Иран пред времето договорено на Конференцијата во Техеран. Конференцијата во Потсдам е единствено време и место кога Труман и Сталин лично се сретнале.[10][11]
На конференцијата во Јалта, на Франција ѝ била доделена окупациска зона во Германија. Франција учествувала во Берлинската декларација и требало да биде рамноправен член на Сојузничкиот контролен совет. Сепак, на инсистирање на Американците, Шарл де Гол не бил поканет во Потсдам. Де Гол се почувствувал навреден, и ова оставило длабока и трајна огорченост кај него.[12] Британците и Американците сметале дека француските цели, за многу точки од агендата на конференцијата, веројатно се во спротивност на претходно договорените англо-американски цели.[13]
На крајот од конференцијата тројцата шефови на влади се договорија за следните активности. Сите други прашања требаше да се решат со завршната мировна конференција, која требаше да биде свикана што е можно поскоро.
Франција, која бил исклучена од конференцијата, се спротивставила на спроведувањето на договорите од Потсдам во нејзината окупациска зона. Особено, Французите одбиле тука да ги населат сите Германци протерани од исток. Покрај тоа, Французите не презеле обврска да ги почитуваат договорите од Потсдам. Односно, го задржале правото да блокираат предлози за воспоставување заеднички политики и институции ширум Германија како целина.[29]
Советскиот Сојуз предложил власта на привремената влада на Карл Ренер да се прошири на цела Австрија. Сојузниците се согласиле да го разгледаат предлогот по навлегувањето на британските и американските сили во Виена.[30]
Советскиот Сојуз ѝ предложил на Конференцијата територијалните прашања да бидат трајно решени откако ќе се воспостави мир во тие региони. Поконкретно, предлогот се однесувал на делот од западната советска граница во близина на Балтичкото Море.
Откако конференцијата ја разгледала советската препорака, се согласила градот Кенигсберг и неговата околона да се префрлат на Советскиот Сојуз.
Труман и Винстон Черчил гарантирале дека ќе ги поддржат предлозите на конференцијата по обезбедувањето на конечен мир.[35]
Советскиот Сојуз дал предлог до конференцијата во врска со мандатните територии и се усогласил со она што бил решено на Конференцијата во Јалта и Повелбата на Обединетите нации .
Откако било разговарано за различните мислења за ова прашање, се одлучило да се подготови мировен договор за Италија, заедно со располагањето на сите поранешни италијански територии. Во септември, Советот на министри за надворешни работи ќе го испита прашањето за италијанската територија.[36]
На конференцијата, сојузничките лидери донеле одлука за пренесување на германското население од Полска, Чехословачка и Унгарија во Германија. Трансферите на германските цивили требало да се одвива на уреден и хуман начин, но според современите проценки, меѓу 600.000 и 2,2 милиони Германци загинале за време на протерувањето.[37][38][39]
Водачите одлучиле Сојузничкиот контролен совет во Германија да се занимава со ова прашање, а приоритет бил ставен на еднаквата распределба на Германците во различните зони на окупација. Претставниците на Контролниот совет требало да ги известат нивните влади и секоја од зонските администрации за бројот на луѓе кои веќе влегле во Германија од источните земји.[24]
Големата тројка забележала дека советските претставници во Сојузничките контролни комисии во Романија, Бугарија и Унгарија им ги доставиле на своите колеги (Британците и Американците) предлозите за усовршување на работата на Контролната комисија по завршувањето на војната во Европа. Тројцата лидери се согласиле за ревизија на процедурите на комисиите во овие земји и ги зеле предвид интересите на нивните влади.[24][40]
Конференцијата дала согласност за формирање на Совет на министри за надворешни работи кој ќе ги претставува петте водечки сили, ќе ја продолжи суштинската прелиминарна работа за мировните спогодби и ќе му бидат доделени други задачи со договор на владите што учествуваат во него. Формирањето на Советот не бил во спротивност со договорот од Конференцијата на Јалта кој предвидува да има периодични состаноци меѓу секретарите за надворешни работи на трите влади. Според текстот на договорот за формирање на Советот, било одлучено:[24]
Покрај Потсдамскиот договор, на 26 јули, Черчил; Труман; и Чанг Каи-шек, претседател на националистичката влада на Кина (Советскиот Сојуз сè уште не војувал против Јапонија), ја издале Потсдамската декларацијата, која ги наведува условите за предавање на Јапонија за време на Втората светска војна во Азија.
За време на конференцијата Труман му спомнал на Сталин дека поседува „ново моќно оружје“. Кон крајот на конференцијата, на 26 јули, со Потсдамската декларацијата и бил даден ултиматум на Јапонија за безусловно предавање а во спротивно ќе се соочи со „брзо и целосно уништување“, во која иако не се спомнува новата бомба [45], се наведува дека се „нема намера за поробување на Јапонија“. Советскиот Сојуз не бил вклучен во таа декларација бидејќи сè уште бил неутрален во војната против Јапонија. Јапонскиот премиер Кантаро Сузуки не одговорил на ултиматумот,[46] што било протолкувано како знак дека Јапонците го игнорираат ултиматумот.[47] Како резултат на тоа, САД фрлиле атомски бомби врз Хирошима на 6 август и врз Нагасаки на 9 август 1945 година.
Кога Труман го информирал Сталин за атомската бомба, тој рекол дека Соединетите Држави „имаат ново оружје со необична разорна сила“,[48] но Сталин имал целосно познавање за развојот на атомската бомба од советските шпионски мрежи во Проектот Менхетен [49] и му рекол на Труман на конференцијата дека се надева дека Труман „добро ќе го искористи тоа против Јапонците“.[50]
Советскиот Сојуз претворил неколку земји од Источна Европа во сателитски држави во рамките на Источниот блок, како што се Народна Република Полска, Народна Република Бугарија, Народна Република Унгарија,[51] Чехословачка Социјалистичка Република,[52] Народна Република Романија,[53] и Народна Република Албанија.[54] Многу од тие земји имале неуспешни социјалистички револуции пред Втората светска војна.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.