From Wikipedia, the free encyclopedia
Пол Ентони Семјуелсон (роден на 15 мај 1915 – умрел на 13 декември 2009) беше американски економист и првиот американец кој ја добил Нобеловата награда за економија. Кога ја добил наградата, шведската кралска академија изјавила дека тој „има направено повеќе од било кој друг економист за подигнување на нивото на научни анализи во економската теорија“.[1] Економскиот историчар Рендал И. Паркер го нарекува „таткото на модерната економија“.[2]
Кејнзенова економија | |
---|---|
Роден | 15 мај 1915 |
Починал | 13 декември 2009 |
Националност | Американец |
Установа | МИТ |
Поле | Макроекономија |
Алма матер | Универзитет Харвард (Д-р) Универзитет во Чикаго |
Противник на | Фридман |
Влијанија од | Кејнз • Шумпетер • Лионтиф • Хаберлер • Хенсен • Вилсон • Виксил • Линдал |
Влијаел врз | Фишер • Клеин • Мертон • Сабрамениан |
Придонеси | Неокласична синтеза Математичка економија Економска методологија Теорија на откриена предност Теорија на меѓународна трговија Теорија на економски раст Теорија на јавни добра |
Награди | Медал Џон Бејтс Кларк (1947) Нобелова награда за економија (1970) |
Тој е автор на најпродаваните економски учебници на сите времиња како на пример книгата „Economics: An Introductory Analusis“ која е за првпат издадена во 1948. Таа е вториот амрикански учебник кој ги објаснува приципите на Кејнзеновата економија и како да се размислува во областа на економијата, а е и првата успешна книга во овој домен на науката[3] и сега се наоѓа во нејзиното деветнаесетто издание продадено во над 4 милиони примероци на 40 јазици. Џејмс Потерба, поранешен раководител на одделот за економија во МИТ, изјавил дека преку неговата книга Семјуелсон „остава огромно наследство како истражувач и учител, еден од гигантите на чии рамена се потпираат сите современи економисти“.[1] Во 1996 кога Семјуелсон бил награден со националниот медал за наука, претседателот Бил Клинтон го пофалил за неговите „фундаментални придонеси во економската наука“ во последователните 60 години.[1]
На 16 годишна возраст започнал со учење на универзитетот во Чикаго, односно за време на продлабочената голема депресија, а неговиот докторат го добил од Харвард. На 25 години, односно по дипломирањето, станал асистент на професор по економија во МИТ, а на 32 години станал самостоен професор. Во 1966 бил именуван за институционален професор, највисоката почест на МИТ.[1]
Својата кариера ја довршил во МИТ каде што се потрудил да го претвори неговиот оддел за економија во светски реномирана институција со тоа што ќе привлече други познати економисти да му се приклучат на факултетот, меѓу кои биле и Роберт М. Солоу, Франко Модиглијани, Роберт К. Мертон и Џозеф И. Стиглиц, сите овие ја освоиле Нобеловата награда.[4]
Семјуелсон служел и како советник на претседателите Џон Ф. Кенеди и Линдон Б. Џонсон и бил консултант во министерството за финансии на САД, буџетското одделение, а, исто така, тој бил и член на претседателскиот совет на економисти. Неделно пишувал колумни за магазинот „Newsweek“ заедно со економистот Милтон Фридман од училиштето Чикаго каде што Семјуелсон ја застапувал Кејнзовата перспектива, а Фридман ја застапувал монетаристичката перспектива.[5] Пол Семјуелсон умрел на 13 декември 2009, на возраст од 94 години.
Семјуелсон е роден во Гери, Индијана, на 15 мај 1915, од татко Френк Семјуелсон, фармацевт, и мајка Ела Липтон. Неговата фамилија, вели тој, била „составена од евреи, имигранти од Полска кои значително просперирале за време на првата светска војна бидејќи во тоа време градот Гери бил значителен произведувач на железо“.[6] Во 1923 Семјуелсон се преселил во Чикаго каде што студирал на универзитетот во Чикаго и ја добил дипломата по уметност во 1935. Неговиот докторат по филозофија го добил во 1941 на Харвард. Како студен на Харвард, Семјуелсон ја изучувал економијата од Џозеф Шумпетер, Висли Лионтиф, Готфрид Харблер и Алвин Хенсен. Семјуелсон потекнува од фамилија на добро познати економисти вклучувајќи ги неговиот брат Роберт Самерс, сестрата правничка Анита Самерс и внукот Лери Самерс.
За време на седумте декади како економист, професионалните позции на Семјуелсон ги вклучуваат:
Семјуелсон починал после кратка болест на 13 декември 2009, на возраст од 94 години.[7] Неговата смрт била објавена од МИТ.[6] Џејмс М. Потреба професор по економија на МИТ и претседател на економското биро за економски истражувања, изјавил дека Семјуелсон „остава огромно наследство како истражувач и учител, како еден од гигантите на чии рамења се потпираат современите економисти“.[7] Сусан Хокфилд, деканот на МИТ, рекла дека Семјуелсон „трансформирал сè што допрел: теоретското основање на неговото поле, начинот на кој економистите се учени низ целиот свет, филозофијата и растот на неговиот оддел, инвестиционите практики во МИТ и животите на неговите колеги и студенти“.[8]
Семјуелсон се смета за еден од основачите на неокејнзијанската економија и плодотворната фигура во развојот на неокласичната економија. При наградувањето со Нобеловата награда за економија комитетот изјавил:
„ | Повеќе од секој современ економист, Семјуелсон помогнал во воздигнувањето на општата аналитика и нивото на методологија во економската наука. Тој, едноставно, ги преобразил значителните домени на економската наука. Тој го покажал фундаменталното единство на проблемите и на аналитичките пристапи во економијата, делумно преку систематската примена на методологијата на максимизација на широк спектар на проблеми. Ова покажува дека опсегот на Семјуелсон се протега низ голем број на различни полиња. | “ |
Тој е, исто така, од суштинско значење во создавањето на неокласичната синтеза која ги вклучува Кејнзијанските и неокласичните принципи кои сè уште доминираат во тековната економија. Во 2003 Семјуелсон станал еден од десетте економисти, добитници на новелова награда, кои се потпишале на „спротивставеното тврдење на економистите за кратењето на даноците од страна на Буш“.[9]
Семјуелсон бил еден од првите економисти кои ги воопштиле и примениле математичките методи развиени за студирање на термодинамиката на економијата. Како дипломиран студент на Харвард тој бил единстевниот заштитник на првиот учен човек Едвин Бидвел Вилсон кој самиот бил студент на физичарот Вилард Гибс.[10] Гибс, основачот на хемиската термодинамика, бил, исто така, ментор на американскиот економист Ирвинг Фишер и влијаел и врз двајцата во основањето на нивните идеи за рамнотежата на економскиот систем.[11][12]
Семјуелсон издал една од првите книги за нелинеарна динамика во економските анализи.[13]
Ремек делото „Foundations of Economic Analusis“ на Семјуелсон од 1947, од неговата докторска дисертација, е засновано на класичните термодинамички методи на американскиот термодинамичар Вилард Гибс, особено на Гибсоновата книга од 1876, „При рамнотежата на хетерогените субстанци“ (или на англиски јазик „On the Equilibrum of Heterogeneous Substances“).[14][15]
Во 1947, засновано на принципот на Л Шателје и Браун за термодинамиката, принцип кој Семјуелсон го научил на предавање на Вилсон, тој го основал методот за компаративна статика во економијата. Овој метод ги објаснува промените во рамнотежното решавање на проблемот со ограничената максимизација (економија или термодинамика) која една од пречките е маргинално стесната или опуштена. Принципот Л Шателје е развиен од францускиот хемичар Хенри Луис ле Шателиер кој е познат по тоа што е меѓу првите кои ја превеле книгата за рамнотежа на Гибс (на француски во 1899). Употребата на овој принцип од страна на Семјуелсон се покажала како многу моќна алатка и наишла на широка примена во модерната економија.[16]
Книгата „Основање на економските анализи“ издадена од Семјуелсон, се смета за ремек-дело. Изведена е од неговиот докторат на универзитетот Харвард и ги користи класичните термодинамички методи на американскиот термодинамичар Вилард Гибс. Книгата предлага:
со цел да се изведе „општа теорија на економските теории“. Во книгата е покажано како овие цели можат успешно да бидат изведени со користење на применетата математика во различни поддомени на економијата. Во книгата се предложени две основни хипотези како доволни за овие потреби:
Во поглавјето за економската благосостојба се обидел да даде краток но прилично комплетен преглед за економската благосостојба (Семјуелсон, 1947, стр. 252). Исто така, го образложува и развива она што подоцна е нарекувано Бегрсон-Семјуелсонова социјална благосостојбена функција. Таа ни покажува како да ги претставиме (во максимизирани пресметки) сите реално вреднувани економски мерки од било кој систем на верување кој е потребен за постојано рангирање на различни социјални изводливи конфигурации во една етичка смисла секое посебно како „подобро од“, „полошо од“ или „индиферентно“ (стр.221). Денес има 388 страни во Семјуелсоновата „Собрани научни страници“. Стенли Фишер (1987, стр. 234) вели дека опфатени заедно тие се единствени во нивниот ентузијазам, опсег на економски и општи знаења и великодушност кон следните генерации.
Семјуелсон е, исто така, автор на влијателната принципиелна книга „Економија“ која за првпат била објавена во 1948, а денеска се наоѓа во нејзиното деветнаесетто издание. Книгата е преведена на 41 јазик и е продадена во повеќе од четири милиони копии поради што се смета за најпродаваната економска книга во историјата. Пишувана во сенка од големата депресија и втората светска војна, книгата потпомогнала во популаризацијата на Џон Мајнард Кејнз. Главно, фокусирана е на тоа како да се избегне, или да се ублажи, постојаниот пад на економската активност. Семјуелсон напишал: „Не е премногу доколку се каже дека широко распространетото создавање на диктаторството и резултатите од втората светска војна се вкоренети во неуспехот на светот за адекватно решавање на овој економски проблем (големата депресија)“.[17] Ова ја покажало загриженоста на самиот Кејнз за економските причини во војната и на значењето на економската политика во промовирањето на мирот.[18]
Семјуелсон се појавува како соработник во пишувањето на „Во внатрешноста во умот на економистите: Разговори со еминентни економисти“ (издадена од „Blackwell Publishing“ во 2007) заедно со Вилјам А. Барнет. Книгата е колекција на иксрени интевјуа со најдобрите економисти на дваесеттиот век.
Како професор во МИТ Семјуелсон работел на повеќе полиња вклучувајќи ги:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.