From Wikipedia, the free encyclopedia
Поезија е збирка песни од американскиот поет Едгар Алан По, објавена од издавачката куќа „Македонска книга“ во 1969 година. Изборот на песните и препевот на македонски јазик го извршил Гане Тодоровски.
Книгата е објавена во едицијата „Поетска плејада“, со тврд повез и со обем од 73 страници. Нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а коректурата ја направила Вера Арсовска. Книгата била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“, во тираж од 1 500 примероци. Книгата не е каталогизирана, ниту пак ја поседува меѓународната ознака ISBN.[1]
Покај песните на По, книгата содржи и поговор со наслов „Поезијата на Едгар Алан По“, напишан од Гане Тодоровски, хронологија на животот на По, како и библиографија и литература посветена на По. Збирката ги содржи следниве песни на По:[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.