Плоштад „Македонија“ — главниот плоштад[1] на градот Скопје, престолнината на Македонија. Изграден е во периодот помеѓу 1920 и 1940 година. Урбанистички, на него се наоѓале поголем број значајни објекти како: Народната банка со мермерни фасади, монументалниот Офицерски дом, Ристиќевата палата, Палатата „Мазура“ итн.
- За други значења на поимот, видете Плоштад Македонија (појаснување).
Плоштад Македонија | |
---|---|
Поглед на плоштадот од воздух | |
Општи податоци | |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Плоштадот немал име сè до влегувањето на Македонија во ФНРЈ, кога плоштадот го добива името „Маршал Тито“. Првин, тоа било проширен дел од улицата на десната страна од Стариот мост, која го поврзувала левиот дел на градот со првата железничка станица во Скопје, а кој служел и како пазар.
Денешниот плоштад е еден од трите концепирани плоштади на десната страна од реката Вардар со првите урбанистички проекти за модерно Скопје во почетокот на минатиот век. Трите плоштади биле структурно поврзани со улични мрежи, имитирајќи „необарокни“ или „париски“ елементи и теми по урнек на тогашните „урбанистички каталози“. Замислата за „трилинг на плоштади“, како мрежно јадро во централната структура на градот со тек на времето е изменета, потоа и девастирана. До земјотресот во 1963 година плоштадот е дограден со два значајни објекта: Стоковната куќа и палата „Пелистер“. По земјотресот формално и содржински состојбата фатално е изменета и осиромашена.
Местото најчесто служи за одржување на голем број на културни, политички и други манифестации. Од овој плоштад била најавена независноста на Република Македонија од Југославија во 1991 година, од страна на тогашниот претседател Киро Глигоров.
Во 2003 година од Плоштадот Македонија била отстранета старата коцка, целосниот приод и изглед изменети, користејќи гранитни плочи и дел од старата коцка со цел да се долови дел од неговата историја. Почетниот дел на плоштадот е обележан со цветен круг кој треба во иднина да се трансформира во голема фонтана.
Во 2007 година, македонската влада најавила дека планира да се реконструира Офицерски дом, Скопското кале како и самиот плоштад, бидејќи скоро сите градби биле срушени по земјотресот во Скопје од 1963 година.
Општина Центар во 2011 го изградила и отвориласпоменикот на Александар Македонски наречен „Воин на коњ“ висок 22 метри во облик на фонтана.[2] Освен тоа најавени се и голем број на други споменици поврзани со историјата и културата на македонскиот народ. Покрај ова, на поштадот има споменици на разни дејци од македонската историја, споменик на Цар Самуил, итн.[3]
Некои споменици
- Споменик на Гемиџиите
- Споменик на Даме Груев
- Споменик на царот Јустинијан I
- Споменик на Цар Самуил
- Статуа на Методија Андонов-Ченто
- Споменик на Димитрија Чуповски
- Поглед кон плоштадот во 1950-ти години
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.