From Wikipedia, the free encyclopedia
Планинската карполазачка (Tichodroma muraria) е мала врапчевидна птица распространета низ високите планини на Евроазија. Се среќава и во Македонија. Таа е единствен член на родот Tichodroma.
Планинска карполазачка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Подред: | Passeri |
Инфраред: | Passerida |
Семејство: | Tichodromadidae |
Род: | Tichodroma Illiger, 1811 |
Вид: | Планинска карполазачка |
Научен назив | |
Tichodroma muraria (Linnaeus, 1766) | |
Има некои несогласување меѓу орнитолозите за тоа каде припаѓа планинската карполазачка во таксономскиот ред. Првично, Карл Лине ја стави во семејството Certhiidae[2], други, пак, како Клементс 2007 година, ја стави во монотипичното семејство Tichodromadidae, a Дикинсон 2003 ја стави во монотипичното Tichodromadinae, како потсемејство на семејството Sittidae. Има два подвида карполазачки:[3]
Планинската карполазачка е долга 15.5 – 17 см и тежи 17 – 19 грама. Пејето ѝ е претежно синосивкасто, со потемни пердуви за летање и на опашката. Нејзин највпечатлив дел се црвените пердуви на крилјата кои не се гледаат кога се склопени.
Планинската карполазачка живее и се размножува во планините на надморска височина од 1000 до 3000 метри.[4] Таа е постојан жител на местото на размножување, но се случува да биде преселница на кратки растојанија, кога има студени зими, таа се симнува на пониска надморска височина. Птиците презимувале и подалеку од територијата на размножување, како Англија и Холандија, каде поминале две последователни зими помеѓу 1989 и 1991 година.[5] Овој вид е жител низ поголемиот дел од Хималаите, кои се движат низ Индија, Непал, Бутан и делови од Тибет.
Овој вид може да биде прилично питом, но често е изненадувачки тешко да се види во планините. Иако може да биде поверлива кон луѓето и вон и во сезона на парење, а птиците-скитници особено, сепак ќе се скријат кога се свесни дека ги набљудуваат и ќе се двоумат пред да влезат во гнездото, па дури и ќе оди по заобиколен пат кон гнездото ако набљудувањето е пролонгирано.[6]
Планинската карполазачка е многу територијална птица, паровите енергично ја бранат својата територија за размножување во текот на летото. Во текот на зимата секоја птица е осамена, мажјаците и женките ја бранат поединечната територија за хранење. Големината на овие територии е тешко да се процени, но може да се состојат од еден голем каменолом или камен масив, или, алтернативно, серија на помали каменоломи. Птицата може да патува некое растојание од местото на гнездење до местото за хранење. Тие, исто така, покажуваат приврзаност кон територијата за хранење во тек на неколку години.[6]
Планинската карполазачка се храни со инсекти, копнени безрбетници и пајаци.[7] Понекогаш фаќа летечки инсекти кои ги лови во краток лет, не оддалечувајќи се многу од карпата. Тие летови повеќе личат на скокови во кои крилјата не ги шири целосно.
Женката го гради гнездото во форма на чашка со трева и мов, заштитено длабоко во пукнатините на карпата, во дупка или во пештера.[7] Гнездото е послано со меки материјали, пердуви или волна,[2] и вообичаено има два влеза. Женката несе 4–5 бели јајца, со малку црни и црвенокафени дамки, кои се 21 мм долги. Откако ќе ги снесе сите јајца, женката ги квачи 19–20 дена, а за тоа време мажјакот ја храни.[2] Двата родитела се грижат за беспомошните пилиња и ги хранат 28-30 дена додека не се здобијат со перје. Годишно имаат само едно легло.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.