From Wikipedia, the free encyclopedia
Планетарна геологија (астрогеологија или егзогеологија) — гранка на планетологијата што се занимава со геологијата на небесни тела како планетите и нивните месечини, астероидите, кометите и метеоритите. Иако претставката „гео-“ во сложенките ја означува Земјата[1], оваа наука ја користи од историски и практични причини. Покрај тоа, научните практики на другите небесни тела се мошне слични со оние на земската геологија.
Планетарната геологија има за задача да го утврди внатрешниот состав на земјовидните планети, го проучува планетарниот вулканизам и појавите и процесите на површината како ударните кратери, флувијалните и еолските образби. Се проучува и составот на џиновските планети и нивните месечини, како и составот на малите небесни тела во сончевиот Систем како астероидте, Кајперовиот Појас и кометите.
Поважни установи што се занимаваат со астрогеолошко истражување се Месечево-планетарниот институт на Лабораторијата за применета физика при Институтот за планетологија во Лабораторијата за реактивен погон, Југозападниот истражен институт и Вселенскиот центар „Линдон Џонсон“. Покрај ова, значајни истражни работи се одвиваат и на неколку универзитети, како што се Брауновиот универзитет, Универзитетот на Аризона, Калифорнискиот технолошки институт (Калтех), Масачусетскиот технолошки институт (MIT) и Универзитетот Вашингтон во Сент Луис.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.