From Wikipedia, the free encyclopedia
Питер Роберт Џексон (англиски: Peter Robert Jackson) (31 октомври 1961) — филмски режисер од Нов Зеланд, добитник на наградите „Оскар“ и „Златен глобус“.
На почетокот на кариерата, Џексон се прославил со крвави тинејџерски хорори и комедии. Неговиот филм „Жив мртовец“ (Dead Alive) бил прогласен за најгнасен филм на сите времиња. Меѓутоа, во 1994 година го променил стилот и станал славен со филмот „Небесни суштества“ (Heavenly Creatures). Филмот ја добил наградата „Сребрен лав“ на Венецискиот филмски фестивал и бил номинираб за „Оскар“ за оригинално сценарио. Овој филм бил клучен за кариерата на глумицата Кејт Винслет. Неговиот животен пат потполно се променил кога одлучил да режира серија филмови според книжевните класици: „Дружината на прстенот“, „Двете кули“ и „Враќањето на кралот“ од трилогијата „Господарот на прстените“ на Џ. Р. Р. Толкин. Филмовите постигнале голем комерцијален успех, а Џексон станал еден од најплатените режисери на денешницата.
Оскар
Златен глобус
Венецијански филмски фестивал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.