пешачка патека долж една улица From Wikipedia, the free encyclopedia
Пешачник, плочник или тротоар (француски: trottoir) — пешачка патека долж една улица. Обично се прават од асфалт, цемент, тули, камен или гума. Во XIX век и раниот XX век, на некои места често можело да се најдат и пешачници од дрво. Ваквите пешачници можат сѐ уште да се најдат на крајбрежни места во облик на шеталишта. Кога е потребно да се даде привлечност на еден пешачник се користат камени плочи (плочник). На други места се користат претходно изработени цементни плочи кои се вградуваат во ископани леи. Пешачниците најчесто имаат рабници кои ги двојат од самата улица.
Пешачниците најчесто се изработуваат од асфалт или цеменет. Додека постојат пешачници и од чакал, дрво, гума и други материјали, ваквите патеки не се нарекуваат пешачници. Тулите и каменот се исто така чести. Цементните пешачници се изработуваат од блокови за да им се даде простор да се шират и теснат без да се појавуваат пукнатини.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.