Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Петко Пенчев бил револуционер од Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација, по војните се занимавал со политика и новинарство во Бугарија.
Петко Пенчев е роден на 1 ноември 1882 година во Варна. Завршил гимназија во родниот град и се запишал студии по право на Софискиот универзитет. При избувнувањето на Илинденското востание во 1903 година, Петко Пенчев бил четник при Христо Чернопеев и учествува во борбите во V востанички округ - Струмичко - Малешевски. По задушувањето на востанието го продолжил образованието во Женева, Швајцарија. Меѓутоа го напуштил Универзитетот и се врати во Бугарија за да се вклучи во четата на Пандо Кљашев, но на крајот влегува во Македонија со четата на Јане Сандански.
Во 1905 година Пенчев бил избран за член на Серскиот окружен револуционерен комитет. Постепено се оддалечувал од Серската група и станал близок до погледите на Даме Груев, Христо Матов и Иван Гарванов.
По Рилскиот конгрес, Петко Пенчев отворено го нападнал Јане Сандански и неговата група. Од 1906 година во Штип, Пенчев е уредник на весникот "Револуција", а во 1907-1908 година, заедно со Пејо Јаворов и Васил Пасков, го уредувал весникот "Илинден". Автор е на книгата "За нашите спорни прашања", издадена во Софија, 1906 година. На Ќустендилскиот конгрес, Пенчев е избран за член на Централниот комитет, заедно со Павле Христов и Ефрем Чучков. Во 1911 - 1912 година пишувал во весникот "Вардар".
Во Првата балканска војна бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и дејствува во чета № 31-32 на Стојан Мишев и Георги Гочева во Прилепско [1][2].
По војните, се оддал на општествена и новинарска дејност. За кратко претседавал со друштвото на софиските новинари. Бил избран за пратеник во Бугарското народното собрание како претставник на Демократската партија. Потоа бил директор е на весникот "Прјапорец" (1898-1932) и "Знаме" (1924-1934). Уредник е на "Демократска Зговорот" (1923-1932). Подоцна преминал во редовите на "Звено" и го уредувал весникот "Изгрејсонце" (1932-1934). Во периодт меѓу 1931 - 1934 година бил претседател на Друштвото на софиските новинари, а во перидот меѓу 1944 - 1945 година на Сојузот на бугарските новинари [3][4].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.