Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Петар Соколов бил анархист и револуционер од Отоманска Македонија, член на Македонскиот таен револуционерен комитет, еден од вдахнувачите на Гемиџиите и деец на Македонската револуционерна организација.
Петар Соколов | ||
Роден | 1870 Ќустендил, Ќустендилски Санџак, Отоманска Империја | |
---|---|---|
Починал | 1901 30–31) Фикел, Кнежевство Бугарија | (возр.
Соколов е роден во 1870 година во Ќустендил, тогаш во Османлиската Империja. Учел во Софија и потоа заминал за Женева да учи и влегува во анархистичката Женевска група.
Женевската група во 1898 година стапнала во допир со луѓе на Внатрешната организација и Врховниот комитет. Следната година со Слави Мерџанов и Петар Манџуков заминале со четата на Гоце Делчев во Македонија, а после во Софија потпаднале под влијание на Борис Сарафов, кој ги финансирал.
Веднаш по снабдувањето со пари, кружокот испратил неколку свои членови во Македонија. За таа цел Слави Мерџанов и Петар Манџуков се вовлекле во Македонија, а Соколов се вовлекол во Одринско.
Кон крајот на 1899 година групата на Мерџанов замислил амбициозни планови: убиство на султанот и атентати на Отоманската банка и Тутунското стопанско друштво во Константинопол.
Мерџанов, Соколов и Манџуков, со претходно тајно одобрените парични средства од Сарафов, заминуваат за Цариград. Обеќаното количество на динамит од Сарафов пристигнува на време во Цариград, но при неговото пренесување во градот било откриено од полицијата.
На 14 септември во Цариград, издадени од еден шпион, се уапсени Мерџанов, Соколов, Манџуков и Павел Шатев. По застапувањето на бугарската влада, турската полиција ги ослободува Соколов Мерџанов и Манџуков со препратување во Бугарија, а Шатев го интернира во неговиот роден град Кратово.
Во 1901 година со свои другари Бугари и Ерменци Соколов прави обид за киднапирање на персискиот шах. Обидот не е успешен. Наскоро потоа Соколов е убиен во битка со турската војска кај Одрин.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.